ИЗЛОЖБА – МИРОСЛАВ ВЕЛИЧКОВСКИ – МИРЕ 22.11.2018 (ЧЕТВРТОК) ИЗЛОЖБЕН САЛОН 19.30ч.



Изложба на слики “Female fish“ на Мирослав Величковски

На 22.11.2018 г. / четврток со почеток во 19,30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на слики “Female fish“ на авторот Мирослав Величковски. Изложбата содржи 17 дела од неговата најнова продукција.
 
Мирослав Величковски

Адреса: Ул. Тоде Думба, Куманово 

Моб:077/ 522-392                                         

E-mail: miroslav.veli@gmail.com

facebook.com/mireveli.design



Датум и место на раѓање     11. Мај 1983, Скопје, Р.Македонија

Образование

 Средно У.П.У Лазар Личеновски (училиште за применета уметност)  – Скопје

 2001 – 2006  година, Факултет за ликовни уметности – Скопје

Дипломирал на Оддел – Вајарство, Отсек – Керамика,  класа на Проф. Жарко Башески. Живее и работи како Куманово како слободен графички дизајнер.

 

Групни изложби:

2005 Год.

–  Национална Галерија Музеј Куманово – “20 Апсолвенти “

–  Музеј на град Скопје – Siab – Student International Art Biennial

–  Чифте Амам, Скопје “ Вајарски Атељеа“

–  Национална Галерија М. Куманово – Длук 2005

–  Музеј на Град Скопје (отворено графичко студио, Скопје) – “Sexhibition“ 

2006 Год.

–  Национална Галерија М. Куманово – Длук 2006

–  Безистен, Штип – Културно Лето 2006 “20 Апсолвенти“

–  Дом на Култура – Виница “20 Апсолвенти“

2008 Год.

–  “Скулптури на новото време“ – Куманово, Радовиш, Прилеп, Струмица.

2009 Год.

–  “Скулптури на новото време“  – Куманово, Прилеп.

2010 Год.

–  “Бош“ Фестивал – Гевгелија

2012 Год.

–  Меѓународна Ликовна Колонија “Карпино“ – Куманово

2013 Год.

–  Меѓународна Ликовна Колонија “Карпино“ – Куманово

2015 Год.

–  Меѓународна Ликовна Колонија “Карпино“ – Куманово

–  Меѓународна Ликовна Колонија Лебане, Србија – Царичин Град “I Prima“

2017 Год.

–  Меѓународна Ликовна Колонија “Бистрац”  Луковац, Босна и Херцеговина.

– “Скултура на новото време“ – Куманово, Прилеп.

– “Кумановски ликовни уметници“ – Куманово.

– “Карпино 2017“. – Куманово, Виница, Кочани.

2018 Год.

–  Меѓународна Ликовна Колонија “Пелинце“ – Куманово

–  Меѓународна Ликовна Колонија “Карпино 16- Та“ – Куманово

–  Меѓународна Ликовна Колонија “Коло“ Требиње, Б и Херцеговина

 

Проекти, Перформанс, Сценографиja ,Мозаик ,Mонументална скултура – Cпоменици (учество):

 

2003 Год.

–  “Големата Вода“ Сценографија – филм. Режија Иво Трајков

–  “Брачна Понуда“ Сценографија – театар. Режија Војо Цветановски

2005 Год.

–  Прослава На Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ Сценографија, Скопје

2004 Год.

–  “Студентски Монопол“ – Перформанс, Скопје (организација Mof & Box)

–  “Ревитализација на  Zoo“ во Скопје со уметност

–  Мозаик “Пелинце, Меморијален Центар Асном“, Носител на проект Рубенс Корубин

–  “Трпе во Eu“- Перформанс – Градски парк, Скопје (организација Mof & Box)

2006 Год.

–  Мозаик за Претседателска Вила1 – Скопје, Носител на проект Глигор Чемерски

2017 Год.

–  “Кокино“ Н.У. Музеј Куманово, ( Женска фигура, приказ на ритуал)

2005 Год.

–  “Обелиск“ (монументална скулптура 9м. ) – Градски Плоштад Македонија, Скопје (проект Петар Хаџибошков)

2009 – 2011 Год

– Воин на Коњ, Фаланга

– Реализација на споменик и релјефи “Јустинијан“  – Плоштад Скопје.

– Реализација на релјефи за “Гоце Делчев и Даме Груев коњанички Скулптури“ – Скопје, Камени Мост.

– “Св. Климент и Наум“ – Релјефи- Скопје.

– “Св. Кирил и Методиј“ – Споменик, Релјефи – Скопје.

– “Тешкото“ (играорци) – Споменик- Скопје.

– Споменик “Питу Гули“

– “Ѓорче Петров“ Коњаничка скулптура.

– Фонтана Богородица Проект Скопје 2014.

– “Муза“ Фигура- Татар, Скопје.

– Фигури за Министерство на Надворешни Работи . П. С. 2014.  И Др.

 

Aктивности

– Почесен Член Фото Кино Клуб Козјак Куманово.

– Уметнички Раководител На Меѓународна Ликовна Колонија Карпино Од 2012/3 – 2018 Год. Во Склоп На Ммц Карпино.

– Член На Словенско Здружение “Франце Прешерн”

 

Во своето прво интегрално претставување пред ликовната публика и критика, академскиот уметник Мирослав Величковски, којшто се занимава со скулптура, сликарство и дизајн, реши своите креативни ликовни вештини да ги претстави преку циклус на слики насловени “Female fish”. Како тема на ликовни истражувања и контексти, оваа продукција е поврзана со жената којa отсекогаш претставувала предизвик за визуелните уметници коишто, фасцинирани од нејзините пропорции и конструкција, нуделе разни пристапи и видувања. Овој интерес за жената како суштество коешто претставува фундамент на семејството и домот е присутен уште од праисторискиот период (Вилендорфска венера и други палеолитски фигури и претстави на жената) и  во континуитет опстојува како тематска преокупација во сите периоди на историјата на уметноста на сите континенти и сè уште трае. Во таа смисла, Мирослав Величковски е само уште еден од плеjадата современи ликовни уметници којшто ќе се обиде да даде една своја интерпретација на жената, пред сè како објект за визуелни истражувања и третмани во своето ликовно изразување, но и обид за толкување на истата во една филозофско-естетска смисла со вметнување на атрибути коишто треба да ги канализираат насоките на толкување на авторот и во понатамошниот процес на интеракција да го водат гледачот кон посакуваната дестинација од којa лесно се примаат пораките коишто ги еманира делото. Елементите од женското тело на коишто е фокусиран авторот се лицето, раката, градите, косата и вратот, а како елемент којшто дава специфична тежина и насока се јавува пафтата, моден додаток на женската носија од балканските простори – две големи орнаментирани токи коишто се носат околу појасот, вметнати со идеја за персонализација и нагласување на географскиот простор во којшто е создавано делото. Грациозноста, издолжените вратови во манирот на Модиљани, строгоста и мистериозноста оддаваат впечаток дека се работи за божествени фигури ( “Паписа“- жена Папа, “Протектор“), тотеми со натчовечки особини, кадрирани на сликарското платно и замрзнати во една  фотографска поза. Фигурацијата на горе споменатите елементи е нагласена до степен на истакнување на нивната пластика, што е разбирливо ако знаеме дека авторот е скулптор по вокација па ни се чини дека истите асоцираат на скици за некои скулпторски решенија. Визуелниот израз е јасен благодарение на темната позадина којашто допринесува светлите женски фигури со додадените атрибути (пафти и стилизирани орнаменти ) да бидат максимално потенцирани во преден план и со тоа да изградат една чудна симбиоза на апстрактното, асоцијативното и фигуративното. Сеопштиот впечаток е дека авторот искреирал еден свој специфичен вокабулар на којшто го гради сликарскиот израз а истиот се движи во рамките на современиот дизајнерско-илустративен јазик фокусиран на битните елементи и нивната внатрешна визуелна поврзаност и интеграција (елементите на женското тело, пафтите и орнаментиката). Оттука и заклучокот дека Мирослав Величковски како мултимедијален уметник се стреми кон фузија на локалното и универзалното, графичкото и скулпторското, светлото и темното, минатото и современото, сегашното и идното… Да му посакаме истрајност на тој пат и желба за презентирање на резултатите на едно високо професионално ниво, карактеристика којашто можеме да му ја препишеме без многу размислување.

 

Роберт Цветковски, историчар на уметноста