ИЗЛОЖБА НА МАКЕДОНСКИ СТРИП АВТОРИ – 19.09.2019 (ЧЕТВРТОК) ИЗЛОЖБЕН САЛОН 20ч.

Стрип центар на Македонија со седиште во Велес е формиран во 2002 како продолжение на ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЉУБИТЕЛИ НА СТРИП “СТРИП АРТ” (формиран во 1995 г)

Истиот има за цел за

  • заживување и афирмирање на македонскиот стрип низ разни средини и заедници како во, така и вон границите на нашата земја
  • мегусебно организирање на стрип чинителите во Македонија ,
  • афирмација и практична примена на можностите што ги дава стрипот во разни сфери на општеството

СЦМ Велес е организатор и иницијатор на повеке активности прекуа) Библиотечна дејност (со фонд од повеќе од 10000 стрип наслови),
б) Издавачка дејност (досега отпечатени 16 броја на стрип списанието СТРИП АРТ, 25 броја на стрип магазин КРЕАТОР (единствена постојана стрип публикација кај нас која излегува од 2003 г) македонските автори континуирано ги објавуваат своите стрип дела(доста од нив и дебитантски),како и стрип албумите
в) Изложбена дејност (изложби: групни, поединечни и наменски)во разни градови во Македонија и во странство
г) Едукативна дејност во чии рамки има одржано повеќе стрип работилници со учество на почетници и афирмирани цртачи.

д)Интернационална дејност ,континуирано овозможување на контакти на македонските стрип автори со стрип чинители од други земји

ѓ)Застапувачка дејност пред државни институции,медиуми, јавност …со цел стекнување на подобри услови за делување на македонската стрип сцена

 

Активноста „Изложба на македонски стрип-автори„ е во изведба на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово  токму под иницијатива на македонскиот стрип центар,и е влезена во Годишната програма на Министерството за култура на Р.С.Македонија во делот на ПРОГРАМИ НА НАЦИОНАЛНИ УСТАНОВИ ЗА 2019 ГОДИНА ОД ОБЛАСТА НА ВИЗУЕЛНИТЕ УМЕТНОСТИ, АРХИТЕКТУРАТА И ДИЗАЈНОТ

Целта е промоција на македонската стрип култура и стрип автори од Р.С.Македонија од разни генерации:
Учесници на изложбата

  • Јорданчо Давидовски, Куманово
  • Предраг Ѓоргиовски, Куманово
  • Мишко Хрдличка, Куманово
  • Љупчо Филипов, Скопје
  • Миле Топуз, Скопје
  • Диме Иванов-Димано,Скопје
  • Ване Трајков,Велес
  • Ана Марија Стефаноска, Скопје
  • Ангела Петрушевска, Скопје
  • Јана Бутеска, Скопје
  • Емилија и Стојче Тоциновски, Скопје
  • Јана Илиевска, Стајковци, Скопје
  • Лазар Ангелков, Велес
  • Оливер Цветковски, Велес
  • Тоде Блажевски, Скопје
  • Илко Стојановски, Велес
  • Александра Ристевски, Скопје
  • Андреј Ангелковиќ, Куманово
  • Ѓорги Антевски, Куманово
  • Елхида Елезовска, Куманово
  • Милан Милиќ, Скопје
  • Васил Гаврилов, Велес
  • Мирко Бојаџиевски, Скопје
  • Александар Стеванов, Штип
  • Катерина Тери Николовска , Скопје
  • Марија Стојановска, Скопје