ИЗЛОЖБА – 56 МЕЃУНАРОДНА СТРУМИЧКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА – 2019 17.10.2019 (ЧЕТВРТОК) 20ч.

Оваа година колонијата се
одржуваше од 1 до 12 август во која учествуваа 14 ликовни уметници
од земјата и странство и тоа од Русија, Полска, Бугарија, Грција, Америка, Србија,и Македонија.

12 топли творечки креативни денови, поминати во една позитивна атмосфера,
творејќи секој по своите чувства, емоции и доживувања, се создадоа 40-тина нови
дела, со кои фондот на струмичката колонија се збогати уште
повеќе. 56 години традиција, преку 1300 ликовни творци од цел
свет кои се учествувале, создадени повеќе од 2600 дела.
Големо богатство е да се има дела од основополозниците на македонското
современо сликарство, Пандилов, Мартиновски, Владимирски, Наумовски, Кондовски,
Мазев, Чемерски, Куновски и уште многу други, ликовни уметници кои оставиле дел од своето срце,