КОНЦЕРТ – MOZART vs POULENC 18.10.2019 (ПЕТОК) 20ч.

ТРИО  обоа, фагот и пијано 

Составено од тројца етаблирани музичари, Татијана Петрушевска Караскаковска обоа,Марјан Милошевски фагот и Петар Макариевски пијано, ова Tрио ги здружи своите сили во 2014год.  Сите остварени и потврдени уметници со своите инструменти, поттикнати од желба за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар. 

Формирање на камерни ансамбли од секаков вид е потребно и полезно за музичарите,од аспект на соработка,зголемување на репертоар,изведување на дела кои не се само за соло инструмент,туку се во соработка со други онструменти. Во овој ансамбл имаме обоа и фагот во соработка со пијано,тоа ни овозможува широк спектар на репертоар,на кој има композиции од различни епохи,форми и кои бараат виртуозност во изведбата и се предизвик за изведување. Х.Брод,Т.Лалие,К.Фридеман,В.А.Моцарт,Ф.Пуланк се дел од композиторите кои се на репертоарот на Триото.

 Првиот свој настап Триото го имаше на концертот  и промоцијата на ЦД во чест на флејтистот Илија Зимбо,следуваат концерти во Демир Капија, Куманово,Виница, Скопје.