Концерт на Страшо Темков и Елена Атанасовска Ивановска.

Благодарност до Страшо Темков и Елена Атанасовска Ивановска за преубавиот концерт кој го одржаа пред нашата млада публика од ООУ “Крсте Мисирков“. Учениците имаа можност да слушаат музика за флејта и пијано од големите Моцарт и Дворжак, композитори чие творештво го изучуваат со нивната наставничка Ирина.