ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ – 27-ма МЕЃУНАРОДНА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА “ЛЕСНОВО 2018“ 20.09.2018 *ЧЕТВРТОК 20ч.

На 20.09.2018 г. / четврток / со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изкложбата на слики од 27-ма Меѓународна ликовна колонија “Лесново 2018“. Изложбата се реализира во соработка со Домот на културата “Злетовски рудар“ од Пробиштип – институција којашто заедно со Општина Пробиштип е организатор на колонијата.
Традиционалната Меѓународна ликовна колонија “Лесново 2018“ по 27 пат обедини повеќе ликовни уметници (вкупно 16) од Македонија, Бугарија, Србија, Англија и Русија коишто инспирирани од опкружувањето – вулканските карпи, бујната вегетација, староселската архитектура и фолклор, Манастирот “Св. Гаврил Лесновски“ направија една збирка од триесеттина дела. Инаку оваа изложба беше веќе претставена пред ликовната публика во Пробиштип, а Куманово е втора дестинација на којашто делата од оваа колонија ќе бидат презентирани пред пошироката јавност.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 01.10.2018 г.