ИЗЛОЖБА – СКУЛПТУРИ – ЕМИЛ СОЛЕСКИ 15.11.2019 (ПЕТОК) ИЗЛОЖБЕН САЛОН 20ч.

ЕМИЛ СОЛЕСКИ
Роден 1969 во Прилеп. Студирал на Факултет за ликовни уметности – Скопје, отсек вајарство во класата на проф. Бранко Конески, со конзервација и реставрација кај проф. Благоја Кузмановски. Дипломира во 2002 под менторство на проф. Жарко Башески.
Првата самостојна изложба со наслов „Ритам“ – 2002 ја поставува во склоп на Н.К.С. „Десет Дена Крушевска Република“.
Самостојни изложби:
2002 – „Прогресија“ – Ц.К. „Марко Цепенко“ – Прилеп
2003 – „Корија“ – Чифте амам – Прилеп
2003 – „Корија“ – Галерија „Никола Мартиноски“ – Крушево
2007 – „Птица“ – Ц.К. „Марко Цепенко“ – Прилеп
2010 – „Скици“ – Споменик „Илинден“ – Крушево
2014 – „Слива“ – Ц.К. „Наум Наумовски – Борче“ – Крушево
2017 – „МОМЕНТ“ – Ц.К. „Марко Цепенко“ – Прилеп
Групни изложби:
2002 – студенти на Ф.Л.У. – „Дом на АРМ“ – Скопје
2008 – Берат – Албанија
2008 – Ц.К. „Наум Наумовски – Борче“ – Крушево
2007, 2011, 2013, 2015, 2017, 2019 – „СКУЛПТУРИ НА НОВОТО ВРЕМЕ“ – Куманово, Струмица, Прилеп
2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 – Д.Л.У.П. – Ц.К. „Марко Цепенко“ – Прилеп
2018 – „Мапирање во Крушево“ – Споменик „Илинден“- Крушево, Участак – Прилеп
Монументална скулптура:
2009 – Бисти на народните херои – Могила на непобедените – Прилеп
2012 – Пере Тошев, Пеце Атанасовски – Прилеп
Работи како ликовен педагог во Крушево. Живее во Прилеп.
Email: artsoleski@gmail.com

КОН НОВАТА ИЗЛОЖБА НА СКУЛПТУРИ ОД ЕМИЛ СОЛЕСКИКОН НОВАТА ИЗЛОЖБА НА СКУЛПТУРИ ОД ЕМИЛ СОЛЕСКИ
Каменот и пламенот како симбол на вечноста ги премостуваат времињата за конечно да сфатиме колку сме мали пред минливоста на мигот во споредба со бесконечниот тек на звукот на каменот и пламенот. Искри на живот, темел на постоењето, а можеби и отпор кон минливоста.  Можеби се малку овие зборови за да се одгатне загатнатото од Солески кој упорно го бара звукот на каменот во неговите постојани напори да се разгатне моментот на соочувањето на величината на нескршливоста на каменот и неговиот опстој во времето и просторот. Овојпат Солески се претставува со нова димензија, спој на музиката и каменот, спој на звукот и нескршливоста, преточени во форми кои наликуваат на музички инструменти, а од кои некаде во нашата потсвест ѕуни екот на каменот и ни пренесува пораки од дамнини. Солески на еден препознатлив, за него, начин, со совршено мазни линии во скулптурата ги слеал размислите на раѓањето, на звукот и неговото брановидно пренесување низ просторот и времето.  Да, велам и во времето бидејќи неговите безвременски форми во било кој простор и во кое било време ќе го доловуваат звукот на каменот. А пламенот? Да пламенот во уметниковата душа е оној што постојано не тера да се нурнуваме кон непознатото и да создаваме за иднината.
Крушево, Никола Јованоски 29.10.2019 

за моментот

на Емил Солески

соединувањето со каменот
создава привид на
слевање на тишината
во громогласен екот
на ѕвекот од дамнини
моментот има свој почеток
а крајот е во секој од нас
давајќи му живост на студенилото
топлина на мртвилото
и бројни варијации на димензијата
доловуваме моменти
од нашите клокотења
преточени во изблик
на несекојдневни моменти
потенцирам
несекојдневни моменти
оти само тие
оставаат трага
во времето

Никола Јованоски