ПРОМОЦИЈА НА КНИГА “ЕХО НА СЛОБОДАТА“ ОД АНА ЈОВКОВСКА 06.06.2018 СРЕДА МАЛА САЛА 20ч.

 

 

Слободата е ЖЕЛБА.

Слободата е МОЖАМ.

Слободата е ЉУБОВ.

Умееш ли да леташ високо над произаичното и медиокритетско секојдневие?

Умееш ли да сонуваш за подобар свет?

Умееш ли да веруваш во луѓето?

Умееш ли да бидеш активен слушател за да го чуеш ехото на слободата?

 

Драги пријатели,

ве каниме на промоција на новата книга „ЕХО НА СЛОБОДАТА“ на Ана Јовковска во КУМАНОВО на 6 јуни (среда) или 06.06 🙂 во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Мала сала, со почеток во 20:00 часот.

Промотор ќе биде писателот и професор Александар Прокопиев, а илустрацијата на корицата ја направи уметникот Ване Костуранов.

„Ехо на слободата“ е во ТОП 5 најпродавани книги на Саемот на книга во Скопје. Книгата е издание на Издавачкиот центар „ТРИ“, поддржана од Министерството за култура на РМ. 

Влезот е слободен!

Дрес код: Слободни и насмеани 🙂