01.11.2018 (ЧЕТВРТОК) ИЗЛОЖБЕН САЛОН 20.00 ч. ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ – “СКРИЕНИ ШЕПОТИ“ ОД МУХАМЕДАЛИ АЛИЛИ – ДАЛИ

Мухамедали Алили – Дали е роден на 01.06.1972 во Куманово, Македонија. Дипломирал на ФЛУ Скопје во 2000, отсек: графика, во класата на професор Димитар Малиданов.
Се занимава со сликарство, графика, дизајн и фотографија. Учествувал на многу групни изложби во Македонија и странство.
Живее и работи во Куманово.
Адреса: ул. “Карл Маркс“ 4-б, 1300 Куманово, Република Македонија.
Е-mail: dali1972@gmail.com
Самостојни изложби:
Уметничка галерија при НУ Музеј – Куманово
КИЦ Скопје, Р. Македонија
Дом на култура Гостивар
Галерија “Ќафа“ – Приштина, Р. Косово
Галерија МК (Gallery MC) – Њујорк
Чифте Хамам Скопје

Награди:
2010 Прво место за фотографија, Приштина, Р. Косово
2012 Второ место на BIENALLE FOR DRAWING – Урошевац, Р. Косово
2014 Второ место за фотографија, Прешево, Р. Србија
2014 Прво место за цртеж на интернационална изложба ДРАУДАКУМ Гостивар

Откритијата за килибарот, чија смола можеше да изолира инсекти за илијадници години се природни факти и артефакти, кои и во денешно време “оживуваат“ посебно чувство и возбуда.
Во нашата ера, токму сликата го постигна ефектот на килибарот, успеа да сочува една форма, еден поглед, спектар на бои, нечија содржина, односно еден дел од животот, кој ни минува незабележано. Една невидлива целина, која освен горенаведените, во себе ја чува и пренесува целата емоција, која може да биде долгорочна и ефемерна како глуварчето во фотографиите на Алили. Еден букет на исушени глуварчиња е прикажан како совршена форма на семиња, кои за да преживеат создадоа крилја и ветерот ги носи за да се множат.
Ова се деталите, кои во “Скриени шепотења“ Алили дискретно се стреми да ни ги покаже, кои се неопходни за создавање на еден мозаик, кој го пополнува празнината на сликата за светот во кој живееме. Во меѓувреме, човекот како внимателен набљудувач, односно уметникот, своите чувства и перцепции се труди да ни ги открие преку различни форми, без оглед дали тоа е поезија, цртеж или слика.
Преку ваков пристап, Алили танцува во инфразвукот на природата и станува интегрален дел на големата историја на Универзумот, односно клучен дел на Плеромата. Неговите дела се во потполна согласност со природата, како што и уметноста треба да биде.
Во овој долг пат на самореализација, односно уметничка зрелост, Алили успева да ја отсликува својата чувствителна уметничка душа.
Фахредин Шеху, Октомври 2018, Приштина
*Преведе од албански на македонски: Јехона Фазлиу