11.07.2019 (ЧЕТВРТОК) 20ч. – ИЗЛОЖБА – ДАРКО ТРПЧЕСКИ – слики и цртежи – “РАЃАЊЕ НА ИДЕЈАТА“ (АНАМНЕСТИКА)

Дарко Трпчески роден 1985 год. Во Скопје. Завршил средно уметничко училиште Д.С.У.П.У. “Лазар Личеноски” Скопје 2004 год. Дипломирал на факултет за ликовни уметности Ф.Л.У. Скопје 2009 год., отсек графика и графички техники со подотсек конзервација и реставрација под менторство на Проф. Костадин Танчев и Доц. Славица Јанашлиева – Бачварска. Магистрирал на факултет за ликовни уметности Ф.Л.У. Скопје 2016 год., отсек сликарство под менторство на Проф. Антони Мазневски.

Работно искуство:

  • Живописување на престолни икони во црква „ Успение на Пресвета Богородица“    с. Близанско – Македонски Брод (2016 г.)
  • Учество во изработка на релјефна декорација на ентериерот во новата зграда на “Стариот Театар” на град Скопје (2013 г.).
  • Живописување на престолни икони во параклис „Св. Кирил и Методиј“ во манастир „Св. Наум Охридски“-Охрид (2011 г.).                                                                                
  • Конзервирање и реставрирање на икони во заводот за заштита на културни споменици на град Скопје, „Св. Спас” (2009/2010 г.).
  • Изработка на портрети при деканатот на Богословскиот факултет – Скопје.

Самостони изложби:

  • Самостојна изложба на слики во Галерија на Ф.Л.У – Скопје (2016 г.).
  • Самостојна изложба на графики и цртежи во Младински Културен Центар – Скопје ( 2010 г.).

 

  • Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство.
  • Учество на повеќе интернационални ликовни колонии низ нашата држава.

 

Адреса. Ул. Бранко Заревски  74/1-14-Скопје

Тел. 078/ 474 315

Е- маил. darig_69@hotmail.com

     ,,АНАМНЕСТИКА “

(сеќавања од потсвеста)

             Сеќавања кои егзистираат во моите размислувања за прапочетокот на создавањето на материјата која кохезира со ликовното изразување. Желбата да се доведе реципиентот поблиску до божествената  димензија која зрачи од ликовното дело, доведува до моите стремежи за ликовно творење. Уметничкото дело го сведувам  до квантноста на постоечкиот универзум, кој секојдневно го осознаваме преку многуте научни, но и духовни истражувања. Имам за цел да истражувам со една малку поинаква естетска перцепција и интерпретација во ликовноста, во нов медиум, но нема да се одвои идеолошки од првичната идеја. Душата, која пред земниот живот постоела и самата како идеја, се сеќава на тој и таков живот. Од оваа идеалистичка позиција произлегуваат и сите други решенија во однос на онтолошките, гносеолошките, антрополошките, етичките и естетичките прашања.       

Митолошките битиа, во историјата на човештвото, го заземаат челното место во сите религии на цивилизациите. Често е обожавана фауната на ниво на божество, всушност се обожаваат силата на природата и се прави персонификација на природните и на натприродните појави.  Ликовното дело пред се, е составено од знаци и симболи.  Уметноста која го  презентира јазикот на симболите, неможе да се издвои само како идеја, композиција , форма и облик. Таа е врзување (единство) на истите. Знаци, кодови, доминантни кодови, идеологии, митологии и референтни системи  сите овие можат да бидат предизвикани од различноста на начините на гледање.             

Во овој тродимензионален свет, во кој сме ограничени во материјата, а слободни во духот, оставаме само да зрачи пренесената енергија од самата креација. Моментот на тоа сознавање е почетокот на просветлувањето и стивнувањето на животната хистерија.

Дарко Трпчески, авторот