Н. У. ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА “ТРАЈКО ПРОКОПИЕВ“ КУМАНОВО
и ЗДРУЖЕНИЕ НА ОПЕРСКИ УМЕТНИЦИ “ОПЕРАТИ“ СКОПЈЕ
Незаборавна вечер и смеа до солзи со комичната опера во еден чин “66-ка“ напишана од Жак Офенбах за прв пат во Македонија и тоа на македонски јазик. Проследете ја комичната приказна на наивните патници кои научија дека не треба прерано да се радуваат на игрите на среќа. Режијата е на Љупка Јакимовска, пијано придружба маестро Иван Еминовиќ со професионалната солистичка екипа составена од Јане Дунимаговски, Полина Тасева и Невен Сиљановски.
Настанот е организиран од Здружението за оперски уметници ОпераТИ во соработка со Македонската Опера и Балет.
Дојдете заеднички да уживаме и да се насмееме овој 13-ти Октомври во НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев” Куманово со почеток во 20ч.
Влезот е слободен.