17.04.2019 (СРЕДА) МАЛА САЛА 19.00 ч. ПРОМОЦИЈА НА КНИГА “ЕСТЕР ИХАЗ“ ОД ОЛИВЕРА ДОЦЕВСКА

      

          Сите мигови поминати,

              врежани во  секоја мала ситница,

         втисната какo  прав, како печат за потврда,

              како капка вода на дланка расипана,

                   воздух низ прозорец влезен,

                          китка чај истискана,

                                    јас сум …

   

  Биографија

    Оливера Доцевска  дипломирала  на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  во Скопје, Правен факултет, правни студии, казнено правна група. Работи  како адвокат. Поседува полуформална диплома на ОХЦХР и ООН. Магистрант е на Мастер студии  Меѓународни односи и дипломатија на Правен факултет во Скопје. Таа е поетеса, активист за човекови права, хуманист, еволуционист, есеист, колумнист, приредувач и преведувач, уредник на нејзиниот портал за општество и култура budnost.mk

Од 2012 година член е на Друштво на писатели на Македонија – ДПМ, а од 2014 – 2018 година е претседател на статутарна комисија на ДПМ воедно и  член на Собраниски одбор на ДПМ. 

   Нејзина прва  објавена стихозбирка е „Илузија за сон“ а   потоа следат збирките: „Портокалова“- 2013 година, „Сончица – Сончоглед – Сунцокрет“ (тројазично издание), „Цветови на илузија – Cvetke iluzije“  и „Еден миг од времето“  2015 година. Застапена е во повеќе антологии и зборници: Зборник на автори од регионот и Балканот „Алманах 2“, „Измеѓу два света – Сеќање на Бранка Миљковиќа“ 2012 и 2013 година (на македонски и српскохрватски јазик), „Бунт балканских жена“- 2013 година, интернет издание, „100.000 поети за промени„- интернет издание, Војводина 2012 година и Македонија 2017 година.  

  Добитник е на наградите: „Денови на Бранко Миљковиќ“  Ниш, Србија, Повелба за специјални заслуги  за песната „Ода“, „Царица Теодора“, „Осми словенски кљекларски денови“, влегува во избор на 87 книги од регионот за наградата „Алекса Шантиќ“ во 2012 година, добитник е на посебно признание на „Трирема на јонска поезија„ Албанија.