22.10.2018 (ПОНЕДЕЛНИК) 20ч. КОНЦЕРТ НА СЕРИОЗНА МУЗИКА – ПИЈАНО ДУО ГЕЛЕБЕШЕВИ

ПИЈАНО ДУОТО ГЕЛЕБЕШЕВИ
Катерина Гелебешева Костадиновска и Глигор Гелебешев, на музичката сцена опстојуваат повеќе од 17 години, настапувајки речиси во сите градови во Македонија, како и на најзначајните музички фестивали во земјава: Охридско лето, Интерфест-Битола, Хераклејски Вечери-Битола, ДММ-Скопје, Златна Лира-Скопје, културни лета во Прилеп, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Куманово..

Со настапот на 21-06-2005 година (Светски Ден на Музиката),во Париз дуото ја започнува и својата меѓународна каријера. Следуваат настапи во: Полска, Романија, Бугарија, Холандија, Италија, Србија, Турција, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина…
Својот прв носач на звук дуото го издава 2008 год. со дела од Б. Барток, Е. Шабрие, А. Хачатуријан, Ј. Дебиси и Ф. Шопен.
Во 2011 година ја добива наградата Златна Лира од страна СМУМ (Сојуз на Музичките уметници на Македонија).

Дуото во 2016 година го бележи и својот прв настап со македонската филхармонија изведувајќи го концертот за две пијана и оркестар од Ф. Пуланк.

ПРОГРАМА

1.Ј.Брамс – Унгарски танци:
– д-мол – бр.2
– ф-мол – бр.4
– Дес-Дур – бр.6

2.С.Барбер – Балетска свита”Сувенири” op.28
– Валцер
– Шкотска игра
– Па де де
– Два Чекора
– Танго
– Галоп

3.М.Равел – Шпанска рапсодија
– Прелудиум на ноќта
– Малагења
– Хабанера
– Ферија

4. Џ. Росини
– Увертира од операта Севиљскиот Берберин