
Маја Божиновска – пијано. Уметнички соработник во камерни оркестри, член пијанист на Камерниот оркестар на Битола. Дипломира на ФМУ Скопје во класата на професор Тодор Светиев. Настапува на соло и групни настапи и меѓународни фестивали. Соработува со врвни музичари од целиот свет. Работи во Државното музичко училиште во Битола.
Марко Поп Ристов – виолина. На шеснаесет години добива стипендија кај професорот Павел Верников на училиштето Scuola di Musica di Fiesole во Италија. Дипломира на кралскиот музички колеџ во Лондон. Добитник е на бројни награди и зема учество на меѓународни фестивали. Од 2013 во Нов Зеланд редовно настапува со Auckland Philharmonia Orchestra I Aucklan Chamber Orchestra. Како дел od No Borders Orchestra во 2025 година го снима вториот албум со познатите издавачки куќи Deutsche Grammaphon I Universal.
