ВАСКО ТАШКОВСКИ – ИЗЛОЖБА НА АКВАРЕЛИ – 03.05.2018 (ЧЕТВРТОК) 20ч.

Gepostet von Robert Cvetkovski am Sonntag, 29. April 2018

ВАСКО ТАШКОВСКИ
е роден на 31. август 1937 во село Нижополе, Битола. Средно уметничко училиште завршува во Скопје 1958.
Дипломира на Академијата за применета уметност во Белград 1964.
Покрај сликањето во маслена техника работи и акварел, цртежи и графика.
Повремено работи и графички дизајн.
Има реализирано 52 самостојни изложби а учествувал и на повеќе групни изложби во земјата и во странство.

САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ

1965 – Шибеник,
1969 – Скопје, Битола
1970 – Скопје, Струмица
1973 – Скопје,
1977 – Белград, Загреб
1981 – Каиро,
1982 – Скопје,
1983 – Битола,
1987 – Ниш, Скопје,
1988 – Зрењанин. Скопје, Струга, Охрид, Битола, Титов Велес
1989 – Загреб,
1990 – Скопје
1992 – Париз,
1994 – Скопје
1995 – Скопје
1996 – Крајова , Анкара, Охрид, Цирих
1998 – Скопје, Анкара
1999 – Скопје,
2000 – Скопје, Њујорк
2001 – Виена, Битола2002 – Скопје
2003 – Штип
2005 – Скопје, Струга
2007 – Скопје
2008 – Гевгелија
2009 – Скопје, Кавадарци
2010 – Неготино
2011 – Скопје, Гевгелија, Виница
2012 – Велестово, Куманово
2013 – Скопје
2015 – Скопје
2016 – Илинден, општина
2017 – Скопје
2018 – Куманово

Добитник е на 18 награди и признанија. Снимени се 8 телевизиски филмови за неговото творештво.

Адреса -Благој Давков 19/3, 1000 Скопје, Тел.+38923120011,+ 38975982401
E-mail: vaskotas@gmail.com

АКВАРЕЛ

                Ги прелистувам блокчињата со скици и се обидувам да најдам некоја со којашто би можел да поставам дијалог и којашто можам да ја видам како идна слика. Недореченоста во некои скици не ми пречи за да ја доработам во мислите, но секојпат не можам да ја почувствувам бојата или содржински да влезам во сликата.

Наидувам на една скица за којашто мислам дека може да биде реализирана во акварелна техника.

Моливот на хартијата разумно ги обележува контурите на сликата, расположението за работа е добро, чувствата се наострени за предизвикот со боите. Раката спонтано почнува механички да ги меша водените бои, мускулатурата на телото е смирена, опуштена и ги чека командите на умот.

                Четката ги прави првите траги на хартијата, тече бојата разредена со водата, се формираат предметите, се кристализираат деталите, контуинирано се гради сликата извлечена од скицата на реалната природа, се создава нова природа оплодена од умот и чувствата, се создава нова филозофија и нов живот.

                Во еден момент раката станува несигурна, емоциите се со намален интензитет, разумот станува колеблив. Имам претчувство дека раката ќе згреши во движењето на четката. Што понатака ?

Умот бара тајм аут, а потоа се враќа, а хартијата и со смирено темпо продолжува. Оганот пак се разгорува и гори до завршување на сликата.

                Кога беше готова, се оддалечив од штафелајот за да видам како изгледа. Имаше неколку метри празен воздушен простор меѓу мене и неа, доволно да се почувствува самостојна, изолирана и независна од моите раце, четките и боите.

                Сега таа зрачеше со една нова реалност што само малку потсетуваше на малата скица. Таа имаше свој идентитет, своја препознатлива физиономија што сака да има свој живот, независен од авторот.

Постепено сликата се оддалечуваше од мене, папочната врвка беше пресечена. Ја потпишав  на долниот десен агол за да почне да си дише со своите гради и да се храни со погледите, прво мои, а потоа од сите што ќе ја видат и коментираат.

                                                                                                                                                Авторот