Втор ден Меѓународен фестивал „Денови на прозата“

Работилница и разговор за книгата „ВЕДРА“ со нашата најмлада публика заедно со авторката Јулијана Величковска.

Дебата за авторскиот превод.
Каде е и каков е преводот во денешно време.
Со кои предизвици се соочуваат преведувачите и авторите.
Дебатираа: Елена Алексиева (Бугарија), Катица Гаровска (Македонија), Петар Андоновски (Македонија) и Стефан Пуљаревиќ (Словенија).
Модератор: Владимир Мартиновски
Втора вечер.
Учесници: Калина Малеска, Живко Грозданоски, Елена Алексиева, Арлинд Фаризи и Стефан Алијевиќ.
Модератор: Ана Јовковска