Изложба на слики “Female fish“ на Мирослав Величковски На 22.11.2018 г. / четврток со почеток во 19,30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на слики “Female fish“ на авторот Мирослав Величковски. Изложбата содржи 17 дела од неговата најнова продукција. Мирослав Величковски Адреса: Ул. Тоде Думба, Куманово Моб:077/ 522-392 E-mail: miroslav.veli@gmail.com facebook.com/mireveli.design Датум и место на раѓање 11. Мај 1983, Скопје, Р.Македонија
Образование
Средно У.П.У Лазар Личеновски (училиште за применета уметност) – Скопје
2001 – 2006 година, Факултет за ликовни уметности – Скопје
Дипломирал на Оддел – Вајарство, Отсек – Керамика, класа на Проф. Жарко Башески. Живее и работи како Куманово како слободен графички дизајнер.
Групни изложби:
2005 Год.
– Национална Галерија Музеј Куманово – “20 Апсолвенти “
– Музеј на град Скопје – Siab – Student International Art Biennial
– Чифте Амам, Скопје “ Вајарски Атељеа“
– Национална Галерија М. Куманово – Длук 2005
– Музеј на Град Скопје (отворено графичко студио, Скопје) – “Sexhibition“
2006 Год.
– Национална Галерија М. Куманово – Длук 2006
– Безистен, Штип – Културно Лето 2006 “20 Апсолвенти“
– Дом на Култура – Виница “20 Апсолвенти“
2008 Год.
– “Скулптури на новото време“ – Куманово, Радовиш, Прилеп, Струмица.
2009 Год.
– “Скулптури на новото време“ – Куманово, Прилеп.
2010 Год.
– “Бош“ Фестивал – Гевгелија
2012 Год.
– Меѓународна Ликовна Колонија “Карпино“ – Куманово
2013 Год.
– Меѓународна Ликовна Колонија “Карпино“ – Куманово
2015 Год.
– Меѓународна Ликовна Колонија “Карпино“ – Куманово
– Меѓународна Ликовна Колонија Лебане, Србија – Царичин Град “I Prima“
2017 Год.
– Меѓународна Ликовна Колонија “Бистрац” Луковац, Босна и Херцеговина.
– “Скултура на новото време“ – Куманово, Прилеп.
– “Кумановски ликовни уметници“ – Куманово.
– “Карпино 2017“. – Куманово, Виница, Кочани.
2018 Год.
– Меѓународна Ликовна Колонија “Пелинце“ – Куманово
– Меѓународна Ликовна Колонија “Карпино 16- Та“ – Куманово
– Меѓународна Ликовна Колонија “Коло“ Требиње, Б и Херцеговина
Проекти, Перформанс, Сценографиja ,Мозаик ,Mонументална скултура – Cпоменици (учество):
2003 Год.
– “Големата Вода“ Сценографија – филм. Режија Иво Трајков
– “Брачна Понуда“ Сценографија – театар. Режија Војо Цветановски
2005 Год.
– Прослава На Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ Сценографија, Скопје
2004 Год.
– “Студентски Монопол“ – Перформанс, Скопје (организација Mof & Box)
– “Ревитализација на Zoo“ во Скопје со уметност
– Мозаик “Пелинце, Меморијален Центар Асном“, Носител на проект Рубенс Корубин
– “Трпе во Eu“- Перформанс – Градски парк, Скопје (организација Mof & Box)
2006 Год.
– Мозаик за Претседателска Вила1 – Скопје, Носител на проект Глигор Чемерски
2017 Год.
– “Кокино“ Н.У. Музеј Куманово, ( Женска фигура, приказ на ритуал)
2005 Год.
– “Обелиск“ (монументална скулптура 9м. ) – Градски Плоштад Македонија, Скопје (проект Петар Хаџибошков)
2009 – 2011 Год
– Воин на Коњ, Фаланга
– Реализација на споменик и релјефи “Јустинијан“ – Плоштад Скопје.
– Реализација на релјефи за “Гоце Делчев и Даме Груев коњанички Скулптури“ – Скопје, Камени Мост.
– “Св. Климент и Наум“ – Релјефи- Скопје.
– “Св. Кирил и Методиј“ – Споменик, Релјефи – Скопје.
– “Тешкото“ (играорци) – Споменик- Скопје.
– Споменик “Питу Гули“
– “Ѓорче Петров“ Коњаничка скулптура.
– Фонтана Богородица Проект Скопје 2014.
– “Муза“ Фигура- Татар, Скопје.
– Фигури за Министерство на Надворешни Работи . П. С. 2014. И Др.
Aктивности
– Почесен Член Фото Кино Клуб Козјак Куманово.
– Уметнички Раководител На Меѓународна Ликовна Колонија Карпино Од 2012/3 – 2018 Год. Во Склоп На Ммц Карпино.
– Член На Словенско Здружение “Франце Прешерн”
Во своето прво интегрално претставување пред ликовната публика и критика, академскиот уметник Мирослав Величковски, којшто се занимава со скулптура, сликарство и дизајн, реши своите креативни ликовни вештини да ги претстави преку циклус на слики насловени “Female fish”. Како тема на ликовни истражувања и контексти, оваа продукција е поврзана со жената којa отсекогаш претставувала предизвик за визуелните уметници коишто, фасцинирани од нејзините пропорции и конструкција, нуделе разни пристапи и видувања. Овој интерес за жената како суштество коешто претставува фундамент на семејството и домот е присутен уште од праисторискиот период (Вилендорфска венера и други палеолитски фигури и претстави на жената) и во континуитет опстојува како тематска преокупација во сите периоди на историјата на уметноста на сите континенти и сè уште трае. Во таа смисла, Мирослав Величковски е само уште еден од плеjадата современи ликовни уметници којшто ќе се обиде да даде една своја интерпретација на жената, пред сè како објект за визуелни истражувања и третмани во своето ликовно изразување, но и обид за толкување на истата во една филозофско-естетска смисла со вметнување на атрибути коишто треба да ги канализираат насоките на толкување на авторот и во понатамошниот процес на интеракција да го водат гледачот кон посакуваната дестинација од којa лесно се примаат пораките коишто ги еманира делото. Елементите од женското тело на коишто е фокусиран авторот се лицето, раката, градите, косата и вратот, а како елемент којшто дава специфична тежина и насока се јавува пафтата, моден додаток на женската носија од балканските простори – две големи орнаментирани токи коишто се носат околу појасот, вметнати со идеја за персонализација и нагласување на географскиот простор во којшто е создавано делото. Грациозноста, издолжените вратови во манирот на Модиљани, строгоста и мистериозноста оддаваат впечаток дека се работи за божествени фигури ( “Паписа“- жена Папа, “Протектор“), тотеми со натчовечки особини, кадрирани на сликарското платно и замрзнати во една фотографска поза. Фигурацијата на горе споменатите елементи е нагласена до степен на истакнување на нивната пластика, што е разбирливо ако знаеме дека авторот е скулптор по вокација па ни се чини дека истите асоцираат на скици за некои скулпторски решенија. Визуелниот израз е јасен благодарение на темната позадина којашто допринесува светлите женски фигури со додадените атрибути (пафти и стилизирани орнаменти ) да бидат максимално потенцирани во преден план и со тоа да изградат една чудна симбиоза на апстрактното, асоцијативното и фигуративното. Сеопштиот впечаток е дека авторот искреирал еден свој специфичен вокабулар на којшто го гради сликарскиот израз а истиот се движи во рамките на современиот дизајнерско-илустративен јазик фокусиран на битните елементи и нивната внатрешна визуелна поврзаност и интеграција (елементите на женското тело, пафтите и орнаментиката). Оттука и заклучокот дека Мирослав Величковски како мултимедијален уметник се стреми кон фузија на локалното и универзалното, графичкото и скулпторското, светлото и темното, минатото и современото, сегашното и идното… Да му посакаме истрајност на тој пат и желба за презентирање на резултатите на едно високо професионално ниво, карактеристика којашто можеме да му ја препишеме без многу размислување.
Роберт Цветковски, историчар на уметноста

Изложба на слики “Female fish“ на Мирослав Величковски
На 22.11.2018 г. / четврток со почеток во 19,30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на слики “Female fish“ на авторот Мирослав Величковски. Изложбата содржи 17 дела од неговата најнова продукција.
Мирослав Величковски
Адреса: Ул. Тоде Думба, Куманово
Моб:077/ 522-392
E-mail: