ИЗЛОЖБА – РАЈКО Р. КАРИШИЌ – ФОТОГРАФИИ – 28.06.2018 ЧЕТВРТОК ИЗЛОЖБЕН САЛОН 20ч.

Рајко Р. Каришиќ роден е на 05.11.1952 година во Бачко Добро Поље, Општина Врбас.
Дипломирал на Машинскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад. Со фотографија почнал да се занимава од април 1973 година во Фото-кино клубот „Машинац“ на Машинскиот факултет во Нови Сад. Досега имал околу 100 самостојни изложби во својата земја и во странство: Белград 1998, 2003, 2008, 2011; Заечар 2005; Котор 2005; Пале 2007, Нови Сад, Врбас, Кула, Кикинда, Сирогојно, Петровац на Млави, Неготин, Ниш 2010; Чигота – Златибор 2003, 2011; Москва (Русија) 2010 во рамките на VIII Меѓународно биенале на фотографијата; Нови Бечеј 2011; Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград 2011, 2015; Гевгелија 2011, 2013, 2015; Кавадарци (Македонија) 2015; Санкт Петербург (Русија) 2012; Лозница 2012, 2014; Александорвац Жупски 2013; Нови Бечеј 2013; „Галерија 73“ во Белград 2014; Галерија на РТС во Белград 2015; ЦЛУ „Гварнериус“, Белград 2015, а учествувал и на над двесте колективни изложби во својата земја, но и Канада, Австрија, Шпанија, Романија, Унгарија, Црна Гора, Македонија, Република Српска и др.      Носител е на високото звање Кандидат мајстор на фотографијата на Фотосојузот на СЦГ. Досега има изработено 98 авторски книги и фотомонографија. Покрај овие публикации, обработил и реализирал 21 минимонографија на манастири и цркви на Српската православна црква. Учествувал и во изработката на над 10 други монографии и реализирал над 100 каталози и плакати за своите изложби, за изложбите на познати сликари, каталози за ликовни колонии и собири. Активно учествувал и во работата на над 80 ликовни колонии и собири.

“…Среќните народи и луѓе, со големините се среќаваат во дробното, и малото во големините го пронаоѓаат. Нивното внимание се протега до границите на сонот, перцепцијата им е померена преку меѓите секојдневни; нивните светови за многумина се неразбирливи, а само среќните можат во нив да ѕирнат и да се восхитат на глетките непоимливи; но дури кога тие први го посакаат тоа, и кога допуштат. Тие ја заплеткуваат и размрсуваат стварноста, од нив може сешто да се очекува; па дури и оние со секакви сетила надарени понекогаш бидат затечени, изненадени и запрепастени. Тие всушност, а и самото име така им кажува – творци се викани – само лијат, повторуваат и се обидуваат да ги приближат матриците до нас обичните, честопати несвесни. Понекогаш, тие, на за нас сфатлив начин, се обидуваат да ги објаснат замислите и проекциите на Создавањето. На она вистинското, единствено што го востановил Создателот лично.
Тие се посредници помеѓу Него и нас обичните и грешни; покрај нив, и ние сме поблизу до Него, иако само на ниво на восхит за делото Негово…“

                   Белград, 19 октомври 2016
Душан Миловановиќ, историчар на уметноста