За установата – 25 години НУЦК “Трајко Прокопиев“
За установата – 25 години НУЦК “Трајко Прокопиев“
– За името и традицијата на прославувањето-6 ноември Патронат на Центарот
Со именувањето на оваа, сега Националната установа со името на еден од најзначајните композитори од Куманово и Македонија – Трајко Прокопиев мораа да се врзат и некои значајни датуми од неговиот живот. Сепак, сметавме дека е најприродно датумот на неговото раѓање да биде ден на кој ќе се потсетиме на неговата долгогодишна работа и големиот музички опус што тој го остави во наследство на идните генерации музиколози и музички интерпретатори, но, исто така, шести ноември е и ден на кој Националната установа – Центар за култура “Трајко Прокопиев” од Куманово ја презентира својата работа во изминатиот период пред пошироката јавност. Нашето претставување во овој каталог го поделивме на неколку делови, а ќе започнеме со кратка биографија на Трајко Прокопиев и неговата композиторска големина и специфичност, многу значајна за музичката историја на Македонија и Балканот.
Трајко Прокопиев е роден на 06.11.1909 година во Куманово, дипломира на Музичката школа во Белград 1934 година, станува прв директор на Средното музичко училиште во Скопје, 1944 година за да продолжи со школувањето на Прашкиот конзерваториум 1946-47 година. Работи како началник на музичката програма на Радио Скопје и диригент на Симфонискиот радио оркестар, а 1948 година како диригент на Хорот “Кочо Рацин” ја добива наградата на Министерството за просвета и култура за композицијата “Ленка”. Од 1949 до 1959 година работи како оперски диригент, диригирајќи повеќе оперски изведби (“Продадената невеста” од Сметана, “Трубадур” и “Риголето” од Верди, “Севилскиот бербер” од Росини и балетот “Копелија” од Делиб). Во 1963 година станува директор на Ансамблот на народни песни и игри на Македонија и во тој период ќе се сретне со Шостакович во Ленинград. Во 1967 година ја добива Октомвриската награда на РМ за животно дело, а 1969 година со Хорот “Кочо Рацин” ја освојува првата награда на ВИИИ Интернационален фестивал на хорови во Горица, Италија. Во 1975 година се пензионира, а во 1977 година ја добива наградата АВНОЈ за музика. Оркестрацијата за операта “Кузман Капидан” ја завршува 1978 година, а во 1979 година година умира во Белград.
Со богатото петдецениското творештво кое влегува во историјата на музичката литература на помладата македонска музичка култура, со компонирањето на вредни дела како што сî: хорските композиции “Ленка”, “Кумановка од 1-4”, “Илинденка”, “Очи”, “Свадбарска”, “Туѓина”, “Роса”, “Ракатка 2” и др. Балетот “Лабин и Дојрана”, антологиските опери “Разделба” и “Кузман Капидан”, филмските музички дела за “Чорбаџи Теодос”, “Бегалка”, “Илинден 1903”, “Комитска легенда” и многу други камерни композиции, сите тие базирани на теми и ритмички структури на богатото македонско фолклорно наследство, Прокопиев станува препознатлив и влијателен композитор чии дела биле оценети од своите современици со највисоки оценки. Од денешна перспектива неговиот композиторски опус добива уште повеќе на значење, посебно заради тоа што во неговата активност ја препознаваме желбата за создавање на автентична македонска сериозна музика која би била препознатлива во Европа и светот.
– Краток историјат на НУ – Центар за култура “Трајко Прокопиев”
Почетоците на НУЦК се во 1981 година кога започнува со работа како Дом на културата “Јосип Броз Тито” Куманово, како дел од концептот за организација на културата во државата по моделот од Франција. Не следејќи го доследно овој концепт работата на оваа институција варираше од некои програмски застранувања до успешна реализација на врвни културни програми со домашни и странски учесници. Малубројната екипа на вработени и повеќето раководители кои се менуваа на определен период мораа да вложат исклучителни напори и со помал или поголем успех да ги реализираат поставените задачи. Како резултат на тоа во јавноста беа поделени мислењата за работата на оваа установа, но и тогаш, а и сега вработените успеваа со својата упорност и континуитет во работата да докажат дека Центарот за култура во потполност го оправдува своето постоење, кој по остварените резултати може да се промовира во една од најуспешните институции од овој вид во Македонија. Од 1999 година Домот на културата се преименува во Центар за култура “Трајко Прокопиев” Куманово, а од 2004 година со одлука на Министерството на култура на Република Македонија, Центарот за култура и Народниот театар Куманово се еден правен субјект – Национална установа -Центар за култура “Трајко Прокопиев” Куманово. Оваа година се прославуваат 25 години од работата на Центарот за култура и 60 години од работата на Народниот театар, еден мал јубилеј вреден за почит. Бидејќи за периодот од 1981-1996 и 1998-2001 година е пишувано во двете монографии посветени на работата на Центарот за култура во продолжението ќе се осврнеме на периодот 2001-2008 година во кој покрај активностите на Центарот ќе бидат застапени и активности на театарот од периодот во којшто тие се една заедничка институција.
Периодот 2001-2008 година е исполнет со низа промени кои треба Центарот за култура да го доближат до денешните стандарди на функционирање на институција којашто се занимава со организација, презентација и продукција на култура. Систематизацијата на работните места полека се трансформира и доближува до вистинските потреби на оваа институција, формирајќи мал, но ефикасен тим кој успешно се справува со поставените задачи. Техничкото опремување (озвучување, компјутеризација и др.) е во подем иако некои битни елементи за потполно функционирање и понатаму остануваат нерешени (затоплување, мала сала, изложбен салон, светлосен парк во голема сала и др.). Контактите и соработката со институциите од областа на културата во Република Македонија се интензивира преку размена на програми при што Центарот за култура повеќе пати беше во позиција да се јави како понудувач, а помалку пати како простор во којшто другите институции од овој вид, пред сé, Центрите за култура, ќе се презентираат со свои програми. Овој податок зборува за подготвеноста на Центарот за култура, којшто на годишно ниво во своите простории реализираше од 130 до 200 програми и манифестации, при што дел од овие програми (околу 50 на годишно ниво, заедно со театарот) презентира и во други средини. Соработката со Здруженијата на граѓаните, Невладиниот сектор и Граѓанските асоцијации, исто така е во подем што ќе резултира со низа успешни манифестации, претставувајќи го Центарот како професионален сервис којшто има просторно-технички можности за широк спектар на побарувања. Од поважните случувања во периодот 2001-2008 година би ги споменале: Меѓународниот театарски фестивал “Денови на комедија” на којшто во петте години меѓу другите учествуваа и Народните театри од Битола, Велес, Прилеп, МНТ, Драмски театар, Струмица, Штип, Куманово, Турски театар, Театар на комедијата “Истриони” од Скопје како и, Народен театар од Белград, Народен театар “Иван Вазов” од Софија, Драмски театар “Сава Доброплодни” од Силистра, Нов драмски театар “Солзи и смеа” од Софија, Српски народен театар од Нови Сад, Позориште “Мала сцена” од Валево, Градски театар Пеќ, Национален театар Гњилане, Театар “Бора Станковиќ” од Врање, Народен театар Лесковац, Зијах Соколовиќ со монодрама и др. Потоа, Фестивалот за модерен балет “Мак-Денс”, Фестивал на ромски оркестри и ансамбли, Биенална изложба на скулптури “Скулптури на новото време”, “Скици”, “Кумановски графичари и скулптори”, Кумановски Џез Фестивал, Ноемвриски денови, Вечери со музиката на Трајко Прокопиев, Изложба на книги “Автори и дела”, Традиционалните: “Маскенбал” и “Шарено јајце”, Промоции на книги од авторите: Анте Поповски, Гане Тодоровски, Борче Орашански, Ермис Лафазановски, Драги Михајловски, Лилјана Ефтимова, Оливера Ќорвезировска, Милован Стефановски, Михаил Ренџов, Ефтим Клетников, Трајан Петровски, Димитрије Миленковиќ, Светлана Антиќ-Јовчевска, Назми Беќири, Методи Манев, Јагода Михајловска-Георгиева и др. Меѓународна изложба на фотографија “Куманово”, Новогодишни концерти на Македонска филхармонија, Поп Рок Фест, Фестивалот “Тин-Фест шоу”; Балетите: “Порги и Бес” и “Дон Кихот”; Концерти на Хоровите: “Франце Прешерн” при Македонско-словенечкото друштво; Документарна изложба “Илинден 1903-2003” и “Македонските револуционери” со архивот на РМ ; Театарски премиери на албански јазик “Куфомат”, “Пиштолот” и “Цртачот”; Џез концерт на “Тревор Њаттс & Целлебратион Банд” од Велика Британија; Џез концерт на “М’сје Жаке” од Франција. Концерти на сериозна музика: Симон Трпчевски, пијано; Марија Муратовска, сопран и Викторија Коларовска Гмирја, пијано, Владимир Костов, виолина и Марија Вршкова, пијано, Илија Зимбо, флејта и Сара Пројковска-Николовска, Васил Атанасов, обоа и Катерина Гелебешева, пијано, дуото Гелебешеви, концертот на Женскиот хор и Мандолинскиот оркестар при МКЦ од Скопје, Ана Ројдева, сопран и Јасминка Чакар, пијано; Концерт на Ансамблот на народни песни и игри “Тоска” по повод 10 години работа; Меѓународна конференција “Граѓаните за мир и развој” и НВО саем; Изложби на Ѓорѓе Петровиќ од Хрватска, Ангел Коруновски, репродукции од Казимир Маљевич, Момчило Аврамовски, Миливоје Богосављевиќ од Србија, Павле Кузманоски; Промоција на Македонско-кинеското и Македонско-руското друштво за пријателство и соработка; Промоција на “Мегалитска опсерваторија Кокино”; Меѓународен фестивал на тамбурашки оркестри; Јубилеј 60 години Библиотека “Тане Георгиевски” Куманово и многу други кои заради ограничениот простор не сме во можност да ги спомнеме.
Спојувањето на Центарот за култура и Театарот од половината на 2004 година не предизвика некои поголеми промени во работата на овие институции. Театарот во овој период реализира повеќе премиери меѓу кои: “Адска машина”, “Партија реми”, “Кловнови”, “Балкан блуз”, “Бегај, еве ја жена ти”, “Соништата на Дедо Мраз”, а во периодот во 2005 година беа реализирани претставите: “Вишновата градинка”, “Кралот умира”, “Измамници”, “Мушичка”, “Марш в кревет”, ” Варијации диви пајки”, “Кловнот од Мекдоналдс”, “Тетовирани души”, “Жена ми се вика Борис”… Исто така, значајни се и гостувањата во земјата (на Театарските фестивали “Војдан Чернодрински” и “Ристо Шишков”) и во странство на Фестивалите (“Ех-Понто” Љубљана, Словенија; “Киевски травнеј” Киев, Украина; “Миттлфест” Чивидале, Италија и “Скампа” Елбасан, Албанија) кои беа реализирани од актерите на театарот. При крајот на 2005 година се пристапи кон аплицирање на конкурсот “Град на културата во Република Македонија за 2006”, распишан од страна на Министерството за култура. Предлог програмата изработена од страна на вработените во НУ Центар за култура, просторно-техничките можности на градот и човечките потенцијали се покажаа како најсоодветни во однос на другите учесници на конкурсот и градот Куманово стана носител на Манифестацијата “Град на културата во Република Македонија за 2006 година”. Во текот на 2007 и 2008г. беше продолжена стратегијата за зацврстување и промовирање на работата на НУЦК Куманово со низа мерки кои ќе ја подобрат севкупната активност на сите полиња на дејствување на оваа институција. ( адаптација на простори и проекти за омасовување на матичните форми).
– Перспективи за иднина …
Од приоритетите коишто треба да се завршат во блиска иднина за комплетно функционирање на Центарот се решавањето на просторно-техничките проблеми од кои поважни сî: решавањето на проблемот со затоплување на Центарот во зимскиот период, адаптација на кубусот во мала сала, санација и реновирање на театарот, адаптација на изложбениот салон и осовременување на светлосниот парк во големата сала и салата на театарот. Исто така, би требало да се создадат услови за вработување на нови кадри – квалификувани луѓе за оваа специфична работа со што би се комплетирал малубројниот тим којшто работи во Центарот и Театарот. Програмската политика на оваа куќа треба да продолжи во насока на освојување на нови европски стандарди во својата работа, притоа трудејќи се дел од програмите и театарските претстави во своја продукција да ги презентира во други простори, по можност и како дел од меѓународната културна размена.
Роберт Цветковски, НУЦК – Куманово
МОНОГРАФИЈА – ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА “ТРАЈКО ПРОКОПИЕВ“ КУМАНОВО 1981-2001
Страшо Арсовски
– МОНОГРАФИЈА –
ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА
“ТРАЈКОПРОКОПИЕВ” – КУМАНОВО
20ГОДИНИ
Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово е формиран 1981 година како Дом накултурата “Јосип Броз Тито”, во склоп на формирање на повеќе Спомен домови на АСНОМ во Република Македонија, а по Одлука на тогашното Собрание на СРМ на својата свечена седница на 2 август 1969 година, посветена на Првото заседаниена АСНОМ.
За реализирањето на оваа Одлука подоцна се донесува закон со кој СРМ ги регулира обврските за изградба на планираните објекти во 25 градови во Македонија: Битола, Прилеп, Куманово, Тетово, Велес, Охрид, Гостивар, Штип, Струмица,Кичево, Кавадарци, Ресен, Гевгелија, Крива Паланка, Кочани, Неготино, Радовиш,Берово, Виница, Делчево, Кратово, Пробиштип, Валандово, Демир Хисар и Македонски Брод.
Финансирањетона изградбата беше 40% од средства на СР Македонија, а остатокот беа должни даго обезбедат општините. Следствено на овие одлуки и општините донесуваат одлукиза формирање на Фондови за собирање на средства потребни за изградба наДомовите на културата, регулирање и обезбедување на локација, расчистување и уредување на земјиштето, распишување на конкурси за идејни решенија.
Изградбата и покрај големиот ентузијазам и амбиции, се одвиваше споро поради некомплетирање на документацијата, време потребно за експропријацијата нанедвижен имот на 48 семејства, недостиг на финансиски средства, поради што иподоцна се отстапува од првичното дефинитивно архитектонско решение, кое претставува комбинација на решенија и проекти на повеќе архитекти и се гради само една од двете фази на објектот.
Центарот за култура со гордост и почит, го носи името на Трајко Прокопиев (6.11.1909 – 20.01.1978) големиот македонски композитор диригент, музички педагог и организатор на музичкиот живот во Република Македонија, по предлог, кој во повеќе наврати беше изнесуван, како одвработените, така и од пошироката културна јавност во градот.
Во оваа прилика, со должна почит ги набројуваме досегашните директори на Центарот за култура “Трајко Прокопиев” Куманово и им се заблагодаруваме за се она добро во работата, организационата и програмската поставеност во Центарот.
СтавреИвановски, директор 25.05.1981 – 31.03.1983
Владо Томовски, директор 01.04.1983 – 31.12.1983
Миле Стојменовиќ, директор 01.03.1984 – 31.10.1985
Драгољуб Димовски, В.Д. директор 01.11.1985 – 01.04.1986
Миодраг Стојановски, В.Д. директор 01.04.1986 – 31.03.1987
Вељко Пешиќ, директор 01.04.1987 – 31.12.1996
Јован Поповски, В.Д. директор 13.01.1997 – 08.03.1999
Петар Поп-Арсов, актуелен В.Д. директор од 09.03.1999 година
Трајко Прокопиев (6.11.1909 – 20.01.1978) големиот македонски композитор диригент, музички педагог и организатор на музичкиот живот во Република Македонија. Еден од најдоследните поборници во изградбата на македонскиот национален музички правец, композитор кој беше сликар на човечката душа, композитор со широка словенска душа, длабоко мисловен и чувствителен, кој остави партитури со трајни вредности и дела со хумани пораки.
Роден во Куманово 1909, дипломира на Музичката школа во Белград 1934, Прв директор на Средното музичко училиште во Скопје 1944, студент на Прашкиот конзерваториум 1946-47, Началник на музичката програма на Радио Скопје и диригент на симфонискиот Радио оркестар, 1948 работи како диригент на хорот “Кочо Рацин” и ја добива наградата на Министерството за просвета и култура на НРМ за хорската песна “Ленка“, 1949 со премиерата на “Продадена невеста“ од Сметана дебитира како оперски диригент, 1951 – 54 ја диригира Вердиевата опера “Трубадур”, диригира со симфонискиот концерт на Македонската филхармонија, ја диригира Вердиевата опера “Риголето“, ги диригира премиерите на балетот “Копелија” од Лео Делиб и операта “Севилскиот бербер” од Ѓоакино Росини, 1963 се враќа на старото место како диригент на МНТ, со група македонски композитори гостува во Грузија, во Ленинград се сретнува со Дмитриј Шостакович, работи како директорна Ансамблот за народни песни и игри на Македонија “Танец”, 1967 ја добива Октомвриската награда за животно дело на СР Македонија, 1969 со хорот “Кочо Рацин” ја освојува првата награда на VIII интернационален фестивал на хорови во Горица, Италија, 1975 се пензионира, 1977 ја добива наградата АВНОЈ за музика,1978 ја завршува оркестрацијата на операта “Кузман Капидан”, 1979 умира во Белград. Погребан е во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел.
Име кое претставува едно од најплодните и најзначајни композиторски имиња на Македонија, со петдецениско творештво, кое е дел од историјата на младата македонска музичка култура и вредни дела, како хорските дела: “Ленка“, “Кумановки од I до VI“, “Илинденка“, “Очи“, “Свадбарска“, “Туѓина“, “Роса“, “Ракатка II“, и други, духовна музика, бројни камерни композиции, сценска и филмска музика “Чорбаџи Теодос“, “Бегалка“, “Илинден 1903“, “Комитска легемда“ и други музичко-сценски дела: балетот “лабин и Дојрана“ и оперите “разделба“ и “Кузман Капидан“, кои влегуваат во антологијата на македонската музика, а сите проткаени со теми и експресии, како и разновидниритмички структури од македонско фолклорно богатство. Дела од кои зрачатубавината и духот на родното и поширокото македонско тло.
“…На оваа могила ќе доаѓа цела Македонија, да му се поклонуваат вистинските љубители и познавачи на музичката уметност… Од таткото на македонската музичка култура ќе остане неговата творечка порака, неговата композиторска мисла како светол, блескав пример и патоказ…“
Властимир Николовски,
од името на Друштвото на композиторите на Македонија.
За одбележување е за жал, дека до тогаш ниедна институција во градот или државата не го носеше неговото име.
Со општествено – политичките промени и со осамостојувањето на РепубликаМакедонија, се отворија нови простори за презентација на македонското културно творештво. Со тоа постепено дојде и до промени во концептот, програмата и начинот на работењето на Центарот за култура, задржувајќи го она што беше добро и внесувајќи го менаџерскиот дух во работењето, специфичен за институциите одобласта на културата..
И по 20 години работа на Центарот за култура, од кои 10 години во самостојна и независна Република Македонија, а кој период е секако достоен за одбележување, остануваат за решавање одредени дилеми во смисол на финансирање и работа, кои најверојатно по долго очекување и со донесување на Националната програма закултура, со која Центарот за култура треба да стане институција од национален интерес, ќе се решат и работите се надеваме конечно ќе се постават на право место.
Центаротза култура работи во неколку сегменти.:
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПРОГРАМИ И МАНИФЕСТАЦИИ, РАБОТА СО МАТИЧНИ ФОРМИ И ДАВАЊЕ НА ТЕХНИЧКИ, ПРОСТОРНИ И ДРУГИ СТРУЧНИ УСЛУГИ.
Како инстутуција од областа на културата организира програми и манифестации од различни видови на уметноста како ликовни изложби, промоции на книги и автори, поетски вечери, театарски претстави, трибини, камерни и музичко сценски концерти, фестивали и друго.
Во секторот за работа со матичното културно творештво работат групите за модерен балет, танцовиот клуб за латино-американски и стандардни танци, Мешовитиот хор, Фолклорниот ансамбл “Тоска”, Оркестар за народни и изворни инструменти, Драмска секција, Литературна секција, Камерно дувачко трио “Рустико”, Ликовно студио, повеќе рок групи и друго.
Во овие секции поминале многу генерации од кои денес некои се веќе потврдени имиња од сферата на културата, како што се актери, академски музичари, професори, академски граѓани и друго, а некои се на пат да го заокружат своето образование.
Организирањена програми и манифестации.
Деновина комедија – Куманово, манифестација која со голем ентузијазам на вработените,отпочна 1998 година, која е ревијална и на која настапуваат професионалнитеатарски куќи од Македонија.
Во првиот каталог на манифестацијата како вовед беше напишано следново:
“Деновите на комедија” во Куманово, сакаме да бидат традиционални, да се одржуваат секоја година со цел на негување на врвни уметнички дострели на различни жанрови од комедиографските остварувања во театарскиот живот во Македонија и светот.
Затоа што комедијата е она што луѓето најповеќе го сакаат и гледаат, затоа што комедијата е онаа форма со која театарот го шири и освојува за себе местото под сонцето.
Сакаме градот да е по друг, поинаку да изгледаат неговите улици и излози, поинакви да се новините, радијата и телевизиите, како и луѓето што таму работат, можеби и училиштата, па и некои фабрики, или барем учениците и работниците, професорите, лекарите, угостителите и политичарите.
Да овозможиме, постепено да го вообличуваме денеска веќе препознатливото, духовно и интелектуално јадро на градот. Деновите на комедијата да бидат среќна и плодна културна иницијатива и длабоко да се вткаат во културната и театарска историја на Куманово, Македонија и светот.
Добредојдовте на првите “Денови на комедија” во Куманово, под знакот на “Батко Ѓорѓија”.
Некани е честит денот!
Во Советот на манифестацијата во изминатите години со променет состав како членови работеа: Петар Поп-Арсов, претседател, Ристо Стефановски, Томислав Спасовски, Ѓунер Исмаил, Петар Темелковски, Коле Ангеловски, Јован Поповски, Владимир Крстевски, Горан Илиќ
Во оваа прилика ја користиме можноста да се заблагодариме на сите оние без чија финасиска и морална подршка, оваа манифестација не ќе можеше да се одржи во изминатите четири години.
Тоа се пред се: Министерството за култура на Република Македонија, Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, Царинска управа на Република Македонија, НИП “Форум”- Скопје, Комерцијално инвестициона банка Куманово,ЕСМ Електродистрибуција“Светлина” – Куманово, Медицински центар Куманово, Ј.П. “Водостопанство на РМ”п.е. Куманово, КИК Куманово, “Житомел” Куманово, Здружение на возачи Куманово,АМД “Киро Бурназ” Куманово, Ј.П. “Пазриште” Куманово, “Тргопромет” Куманово,“ЗИК” Винарска визба Куманово, “ДИЕР” Куманово, “Искра – инженеринг” Куманово,“Агрокуманово” Куманово, Ресторант “Мимоза”, Ресторант “Црногорац”,Угостителско претпријатие “Лав” Куманово,”Сетком” Скопје, Млекара “ОЛ-МИ”,“Филос” Куманово, “Бос трејд” Куманово, “Трготим” Куманово, Ф-ка за амбалажа“30 Јули” Куманово, “Миткомерц 94” Куманово, Ј.П. “Водовод” Куманово.
Заодбележување е и дека како медиумски спонзори во изминатите години сепојавуваат и Радио телевизија Куманово, Телевизија “Зора” и Телевизија “НОВА”,како и Музичко радио, Радио “Тумба”, Радио “Вива” и други.
Со задоволство ги набројуваме театрите и претставите со кои настапија на “Деновина комедија во Куманово”.
1998 година
Народен театар Битола “Декамерон” или “Крв и страст по Бокачо”, во режија на Александар Морфов, Театар на народностите Скопје – албанска драма “Зетот од Париз” од Дритон Мифтари, во режија на Сефедин Нуредини, Македонски народен театар – Драма Скопје “Кројач за дами” од Жорж Фејдо, во режија на Димитрие Османли, Народен театар Прилеп “Свадбата на Кречински” од Александар Сухово Кобилин, во режија на Стојан Стојаноски, Народен театар Струмица и Штип “Секс таблетки” од Габор Ѓоргеј, во режија на Коле Ангеловски, Народен театар Куманово “Ноќ спроти Свети Василиј” од Русомир Богдановски, во режија на Димитар Станковски, Народен театар Велес “Четириесет маченици” (Полковникот птица) од Христо Бојчев, во режија на Димитар Станковски, Драмски театар Скопје “Солунски патрдии” од МилеПопоски, во режија на Коле Ангеловски
1999 година
Драмски театар Скопје “Арлекин, слуга на двајца господари” од Карло Голдони, во режијана Коле Ангеловски, Народен театар Велес “Патенталија и тентелина” од Русомир Богдановски, во режија на Стојан Стојаноски, Народен театар Прилеп “Фарса за храбриот Науме” од Русомир Богдановски, во режија на Кирил Петрески, Народен театар Струмица “Три фарси” од Молиер, во режија на Коле Ангеловски, Театар нанародностите Скопје – албанска драма “Полицајци” од С. Мрожек, во режија наСефедин Нуредини, Македонски народен театар – Драма Скопје “Народен пратеник”од Бранислав Нушиќ, во режија на Димитрие Османли, Народен театар Штип“Училиште за жени” од Молиер, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, Народен театар Битола“Ти си на ред” од Жорж Фејдо, во режија на Коле Ангеловски
2000 година
Народен театар Велес “Комедија А” од Базилио Локатели, во режија на Александар Илиев,Драмски театар Скопје “Поблиску” од Патрил Марбер, во режија на Слободан Унковски, Народно позориште Лесковац, СРЈ “Државна тајна” од Љубиша Динчиќ, во режија на Славенко Салетовиќ, Народен театар Прилеп “Градскиот саат” од Коле Чашуле, во режија на Бранко Ставрев, Народен театар Битола “Љубов и пијано” од Жорж Фејдо, во режија на Коле Ангеловски и “Кротењето на фуријата” од Вилијам Шекспир, во режија на Димитар Станковски
2001 година
Драмски театар Скопје “Кандид во земјата на чудата” од Венко Андоновски, во режија на Сашо Миленковски, Народен театар Велес “Адвокатот Патлен” од непознат автор, во режија на Димитар Станковски, Народен театар Прилеп “Викенд на мртовци” од Миле Попоски, во режија на Стојан Стојаноски, Македонски народен театар – ДрамаСкопје “Грофот Миливој” од Ристо Крле, во режија на Димитрие Османли, Народентеатар Куманово “Кумановска свадба” од Томислав Спасовски, во режија на Ацо Алексов, Народен театар Битола “Со сила убавина не бидува” од Вилијам Шекспир, во режија на Љупчо Ѓоргиевски
Би напоменале и дека “Денови на комедија – Куманово” во изминатите години беше и остана манифестација која е општо прифатена од културната јавност и пошироката публика, и од година во година посетеноста е се поголема, како и интересот на јавноста.
Би укажале дека во изминатиот период пред кумановската публика и на сцената на Центарот за култура во континуитет гостувале бројни театарски претстави, изведувани од професионални театарски куќи, како и аматерски, и независни проекти.
Некои од насловите на претставите и театрите: МНТ Скопје “Народен пратеник”, Драмски театар Скопје “Чија си”, “Филоктет”, Драмско студио при ДК Тетово “Терористи”, “Моја драга” со актери од Белград, СРЈ, “Хумористична партија 1 и 2” со актерите Димче Мешковски, Гоце Тодоровски, Ѓокица Лукаревски и други, “Светот или ништо” на Индексовото позориште од Белград, СРЈ, “Ѓаволштините на Скапен” проект на ДК од Гостивар и Тетово, детската претстава “Снежана и седумте џуџуња” и музичкото кабаре “Спомени во ноќта” на Театарот за деца и младинци од Скопје, претстава за деца “Сонот на Лулу” на албански јазик од Драмската група“Доника”, “Нема да платиме”, “Женско царство” и “Апаши” на театарската група“ФОС” на Ѓорѓи Колозов, “Слатка смрт” претстава на албански јазик, “Ноќ на Боговите” претстава на ДК Гостивар, “Софра” претстава на албански јазик на театарската група од Струга, претставата “Ода на сенките” на драмската група при Гимназијата “Гоце Делчев” Куманово, “Парабелум” на Звездара театар од Белград, СРЈ, “Бегалка” од Васил Иљоски на ромски јазик во изведба на Драмската група “Циганско сокаче”, претставата “Драги” во изведба на театарот “Астрахан”од Франција, “Опасно писмо” театар “АСНОМ” од Гостивар, “Мачка на вжештен лименпокрив” во изведба на Народен театар Битола, “Како да ја убиеш сопругата и зошто” со Ѓокица Лукаревски и Катерина Коцевска, театарската претстава на албански јазик “Маж со две жени”, претставата “Коштана” на Струмичкиот театар имногу други квалитетни претстави.
Како важен дел во програмската работа сврзана со театарската уметност го сметаме и циклусот на монодрами: Тука живее Ј.Ј. – ауслендер од Македонија” во изведба на Јусуф Гулевски, “Алхемичарот” во изведба на Страшко Милошевски, “Чекајќи го Илко” во изведба на Мите Грозданов, “Охридска талија” во изведба на Јасмина Вучкова, монокореодрамата “Неван (срцето на светот)” во изведба на ВеснаДимитровска.
Фестивална модерен балет “Мак-денс”
Своите почетоци ги бележи од 1993 година, како единствен Фестивал на модерен балет, кој имаше тенденција да го собере на едно место и презентира, сето она што воМакедонија беше модерен балет и истиот да го афирмира и подобри неговиот квалитет.
Традиционално се одржува секоја година во месец јуни, а Фестивалот го снима Македонската телевизија. На него настапуваат 40-тина групи во две категории (до 12 и над 12 години) од скоро сите градови на Македонија и со околу 350-400 учесници е една од најмасовните манифестации во Центарот за култура.
На Фестивалот едни од најнаградуваните беа групите на Центарот за култура “Мак“, “Ултра“, “Пиколо“, “Аква“, “Феникс“со освојувани први, втори и трети места и во двете категории, а освојувани се и награди за најдобра кореографија.
Жири комисијата во разни периоди ја сочинуваа: Гордана Деан Поп Христова, Душка Градишки, Рисима Рисимкин, Елисавета Кушовска, Слаѓана Чаѓановиќ и други.
Изложбена дејност
Изложбената дејност во Центарот за култура претставува значаен сегмент во севкупното презентирање на културните достигања на овие простори, а со вклучувањето на меѓународни проекти и пошироко.
За разлика од класичните галерии, каде што можеме да видиме експонати од академски ликовни уметници, изложбениот салон на Центарот за култура има специфична и поинаква концепција. Терминот “изложбен” е сфатен во поширока смисла, иако носечка активност е презентација на ликовни творци (македонски и самоуки), во салонот во изминатите години се организираа и изложби на книги, архитектонскипроекти и макети, видео презентации, изложби на фотографии, компјутери и компјутерска опрема, етнолошки проекти, пчеларски изложби, проекти од областана индустрискиот дизајн, мода … Ваквото конципирање на изложбената дејност и отвореноста на институцијата доведе до соработка со многу значајни ликовни творци, уметнички фотографи, дизајнери, архитекти, инженери, но и со значајни институции: Културно информативен центар Скопје, Музеј на град Скопје, огромен број на Домови на културата, НУБ “Св. Климент Охридски”, Францускиот културен центар, бројни култуни институции во градот (Библиотеката “Тане Георгиевски”, Народниот музеј Куманово), како и скоро сите ликовни колонии во земјата.
Во1998 година беше реализиран проектот “Ликовна скулпторска колонија”, на која зедоа учество 10 скуптори од сите генерации (Петар Хаџи Бошков, Жарко Башески, Ибрахим Беди, Жаклина Николовска и други), а во областа на меѓународната соработка во 2001 година успешно низ повеќе изложбени салони во Македонија се реализира представувањето на бугарскиот ликовен уметник Живко Мутафчиев. Посебно место во изложбените активности завземаат сегментите кои не се адекватно застапени во галериите: аматерското ликовно творештво, скулптурата и дизајнот, резбата во дрво и копаничарството, етно и археолошките проекти. Со околу 25 изложби годишно во просек и околу 8.000-10.000 посетители годишно на тие поставки, изложбената дејност во изминатите години постигна солидни резултати во презентацијата на македонското ликовно творештво воопшто, но и во презентација на експонати од други области, кои можат да се карактеризирааткако културни достигања на овие простори и пошироко.
Дел од ликовни уметници и ликовни колонии кои во изминатиот период се представиле пред кумановската јавност:
Трајче Јанчевски, Димче Исаиловски, Павле Георгиевски Зуфа, Александар Јанкуловски Цане, Мирко Андоновски – Валајчарски, Милена Попова – Бугарија, Боштјан Плесничар – Словенија, Глигор Беќаров, Момчило Аврамовски, Мајкл Клоуз – Канада,
Ликовна колонија “Делиблатски песок ’96” Панчево, СРЈ, Ликовна колонија “Свети ЈоакимОсоговски” Крива Паланка, Ликовна скулпторска колонија Куманово 1998, Детска ликовна колонија “Лазар Софијанов” Кратово, “Мал битолски Монмартр”, Ликовна колонија “Белчишта” Охрид, Велешка ликовна колонија “Еко – арт”,
Традиционална изложба на архитектонски проекти “Бимас”,
Изложбана фотографии “Сараево 1992-1995” од Рикард Ларма, фоторепортер на “Асошиетедпрес”, “Македонија во објективот на Сара Лин”, Изложба на фотографии “Манастири од исток и запад” од Атанас Талевски
Голем број на кумановски ликовни уметници дел преку традиционалната изложба на сликари аматери “Самоуки”, а дел и преку самостојни изложби, како Мирослав Трендафиловски Мики, Ненад Стошиќ, Ѓорѓи Близнаковски, Будимир Стојковски Љубе, Жарко Јаќимовски, Јовица Ивановски Моче, Станимир Стојановски Мичо, Драгиша Димитријевски Шипе и други.
Промоциина книги
Една од основните дејности на Центарот за култура е презентација книги, така да во изминатиот период на наше огромно задоволство се одржаа голем број на промоции на книги и автори, како и книжевни портрети на домашни и странски писатели, а како дел од таа презентација беа и музичко-поетските вечери. Поголем дел од промоциите се во самостојна организација на Центарот за култура, а дел во соработка со Библиотеката “Тане Георгиевски” Куманово и НУБ “Свети Климент Охридски” Скопје. За напомена и одбележување е дека оваа соработка е долгогодишна и мошне успешна на заедничко задоволство на љубителите на пишаниот збор, кои имаат прилика да им се презентираат актуелни книги и автори, од кои голем број биле наградени.
Дел од промовирани автори, книги, монографии и стихозбирки: “Кочо Рацин – книжевно-историски прилози” од проф. д-р Александар Спасов, “Земјанец” од Мите Грозданов, “Калеидоскоп” од Роже Луј Жино – Швајцарија, “Расправи за методот”од Рене Декарт, книги раскази “Креда” и “Двојната вратоврска” од Драган Илиевски, “Сонетен венец” Богатин Јосимовски, “Цветот нема страни” од Звонко Стојановиќ, “Провиденија” од Анте Поповски, Портрет на Блаже Конески, “Живописана земја” одТоме Момировски, “Трагачи на зборот” од Љубиша Стојановиќ, “Изгрев од минатото- зборник на зборови од Кратово и Кратовско” од Илија Китановски, “Неповрат” и “Пукнатини во време” од Добре Давидовски, “Заборавено око на небото” од Глигор Стојковски, книга афоризми “Перпетуум мобиле” од Јовица Анѓеловски, поетска вечер посветена на Никола Јонков Вапцаров со артистот Петар Темелковски, “Прекрасен ден за умирање” од Бобан Богатиновски, “Визии. Глагол” од ЈовицаТасевски Етернијан, “Лирика” од Наум Јовановски, “Планини од картонски кутии” од Гордана Михаилова Бошнакоска, “Моб-ра” Зорица Русевска, “Дежа ви” од Верица Ј. Секирарски, “Што се тоа гингивити и парадентопатија” од проф. д-р Драгољуб Ѓукановиќ, “Возвишено и ново” (есеи од француската литература на 20-ти век) од Љубиша Стојановиќ, “Сенка на лилјакот” од Крсте Чачански, “Разор” од Јован Котески, “Името.Родот.Имотот” од Бранко Цветкоски, “Пресликано време” од Раде Силјан”, “Фолклорот во Куманово и Кумановско” од група автори при Институтот за фолклор“Марко Цепенков” Скопје, “Темно место” од Славе Ѓорго Димоски”, “Папокот на светот” од Венко Андоновски, “Раѓање на ангелот” од Стево Симски, “Трмка” од Санде Стојчевски и други.
Трибинска дејност
Делот на работата сврзан со трибинската дејност е еден од тематски најразноликите, но и најактуелните. Ова е резултат на избор на актуелни и интересни теми од разни области на општествениот живот, медицина, филозофија, историја, психологија и т.н.
Како предавачи се јавуваат актуелни и стручни личности од тие области, со што интересот на јавноста е извонредно голем.
За илустрација би набројале дел од темите и предавачите: “Карпестата уметност во Македонија” – проф. д-р Душко Алексовски, “Борба против алкохолизмот, никотинизмот и дрогата” д-р Михаил Левенски, “Културниот плурализам и општествената интеграција” проф. д-р Ѓорѓе Младеновски, “Македонија во 21 век” проф. д-р Кирил Темков, “Можности за управување со индивидуалното и колективното време” Мирко Зафировски, виш педагошки советник, “Право да се живее во мир” проф. д-р Светомир Шкариќ, “Рехабилитација на Платон” проф. д-р Ферид Мухиќ, “За насилство нема оправдување” Јагода Глигоровска, адвокат и Вера Цуракова психолог, “Жената во политиката” Даниела Димитриевска организација “Е.С.Е“. – Скопје, “Бесмртноста на душата во античката филозофија” проф. д-р Весна Колева и проф. д-р Витомир Митевски, “11 илјади години македонска писменост и култура” проф. д-р Ташко Белчев, “Десет божји заповеди” проф. д-р Кирил Темков, “Потребите и состојбите во културата во Куманово” Благој Чоревски, актер и тогашен заменик министер за култура на РМ, “За античките македонци” проф. д-р Наде Проева, “Учество на младите во институциите на системот” Никола Груевски, министер во Владата на РМ и Влатко Ѓорчев УМС на ВМРО-ДПМНЕ, “ХИВ/СИДА” прим. д-р Христо Поп Христов, инфектолог, “Античка филозофија на животот” проф. д-р Витомир Митевски, “Тело и психа” (телото помеѓу биологијата и психоанализата) Мицко Дудучки, неуропсихијатар, “Алтруизам – кога и зошто им помагаме на луѓето” д-р Михајло Поповски, Институт за психологија, “Смртна казна – пак!?” Ѓорѓи Марјановиќ, “Дали власта ги менува луѓето” предавач Ѓунер Исмаил, директор на НИП “Форум” и поранешен Министер за култура на РМ, “Идеалот на совршена држава во антиката” проф. д-р Витомир Митевски, “Белгија – патување и откривање на оваа земја” предавач Хенк Ванден Бруке, “Исхрана според крвните групи” Душан Матиќ, нутриционист и други.
Музичко-сценска дејност
Концерти од сите области на музиката беа еден од главните приоритети во програмската презентација. Имавме чест да видиме и чуеме интерпретатори, солисти, камерни оркестри, филхармонии, од разни музички жанрови и на наше задоволство сите тие имаа своја публика. Би истакнале дека во Центарот за култура настапуваа покрај веќе афирмирани имиња и оние кои своите први настапи ги имаа токму тука.
Намерно не делејќи ги имињата на популарни и помалку популарни и без строга поделба намузички жанрови ќе наброиме само еден скромен дел од нив: Лада Шоптрајанова, виолина и Јасминка Чакар, пијано, Надежда Пожарицкаја, пијано – Русија, Јован Кулунџија, виолина, СРЈ и мандолинскиот оркестар при МКЦ Скопје, Стефан Миленковиќ, виолина, СРЈ, Симфонискиот оркестар од Новосибирск, Русија, Детскиот хор “Опера Фест” Малезија, Македонската филхармонија како редовен гоство Центарот, Марша Тодоровска, пијано, Мешовитиот хор “Кочо Рацин” и Женската пеачка група “Сирма” од Скопје, Кирил Рибарски, тромбон, оперските пеачи Борис Трајанов, Александар Подболотов – Русија со концерт на руски романси, Јадранка Јовановиќ, СРЈ, Дубравка Зубовиќ, СРЈ, Анастасија Низамова – Мухиќ, Илија Зимбо, флејта и Лејла Урманова, харфа, Академскиот камерен хор “Лицеум” Крагуевац, СРЈ, Урош Дојчиновиќ, класична гитара, Томислав Нешковски, фламенко гитара, Ана Јосимовска, пијано, гостувањето на Операта при МНТ со “Кавалерија Рустикана”, “Стабат Матер” од Росини, познати оперски арии од Росини и Верди, Валериј Стефановски, пијано, Васил Атанасов, обоа и Тодор Светиев, пијано, Глигор Гелебешев, пијано, Румен Димитриев, виолина и Јован Каровски, пијано,Мира Тасевска Бунарџиева, сопран, Сузана Турунџиева, мецо сопран, Павлина Новакова, мецо сопран, Светлана Донковска, мецо сопран, Марјан Николовски, тенор, Љубиша Кировски, виолина, Маја Шутевска, пијано, Страшо Темков, флејта, студенти одкласата на проф. Михаило Куфојанакис, редовната програма за афирмација на млади таленти преку “Подиум на млади” во заедничка организација со Музичката младина на Македонија, концерти на ученици од Музичкото училиште “Панче Пешев”-Куманово, како и Средното музичко училиште “Илија Николовски Луј” – Скопје,женската џез група “Некои тоа го сакаат жешко” Франција, швајцарската група“Планинска Тишина” на Шри Чинмој, Теодоси Спасов – трио, Бугарија, “Леб и сол”, Бодан Арсовски и Езгија оркестра, Драган Стојниќ, СРЈ, Маја Оџаклиевска, Тоше Проески, Владо Јаневски, групата “Магија”, Есма Реџепова Теодосиевска, Сузана Спасовска, Вања Лазарова и други.
Заодбележување се нам драгите и бројни настапи на Ансамблот за песни и игри на Македонија “Танец” од Скопје, “Панче Пешев” од Куманово по повод 50 годишнината од неговото постоење, бројни фолклорни ансамбли од Македонија и пошироко.
Филмска дејност
Во почетокот на формирањето на Центарот за култура една од основните дејности, со презентација на мошне квалитетни филмови. Со појавувањето на видеотеките, овој вид на активност во Центарот како и секаде во Македонија, се губи, а пред некоја година имаше обид во соработка со Кинотеката на Македонија. И покрај некои објективни технички проблеми со лентите во нивното депо, поради кои изборот беше сведен на минимум, се презентираа филмови од постар датум но, кои сепак значеа нешто во филмската историја и индустрија, филмови од кои и денес може да се научат многу работи во стручен и технички смисол, филмови кои за многу генерации значеа и зрачеа нешто…
На репертоар беа детски анимирани “Таличниот Том”, авантуристички “Синбадовото златно патување”, како и “Паразит”, “Мадам Х”, “Робин Худ и Мериен”, “Разбојникот со сини очи”, “Во зенитот на сонцето”, “Човек во дивината”, “Ѕвезда на југот”, “Дилинџер”, “Препадот на Ромел”, “Последното шоу на ЕлвисПрисли”, “Операцијата Сан Џенаро”, “Дворски интриги” и други.
Останува во Кинотеката на Македонија да се завршат некои технички неопходни подготовки и се надеваме на продолжување на соработката, конципирана тематски и содржински,со трибини за филмот и она околу него, режијата, камерата, актерството и друго.
Матично творештво
Матичното творештво отсекогаш претставувало една од основните дејности во работата на Центарот за култура. Во изминатиот период работеле голем број на форми и секции при Центарот. Би набројале некои од нив: Октет “Куманово“, Камерен дувачки трио “Рустико“, Поп група “Рефина“, Рок група “Анубис“, С- џезквинтет, Школа за класичен балет, Секција за манекени, Јога секции, народен оркестар со солисти, Забавен оркестар, Школа за гитара и многу други.
Во секторот за работа со матичното творештво моментално работат групите за модерен балет, танцовиот клуб за латино-американски истандардни танци, Мешовит хор, Фолклорен ансамбл “Тоска“ со оркестар, Оркестар за изворни инструменти, Драмска секција, литературна секција, Ликовно студио, Јога секција, повеќе рок групи (ВИП, Холокауст) и друго.
Во овие секции, на наше големо задоволство поминале многу генерации од кои денес некои се веќе потврдени имиња од сферата на културата, како што се актери, академски музичари, професори, академски граѓани и друго, а некои се на пат да го заокружат своето образование.
Танцовк луб
за латино-американски и стандардни танци
“Динамик”
Реализацијата на желбата и идејата да се донесе танцот во Куманово, се оствари во 1987 година, а почетните чекори беа неразделно сврзани со Т.К. “Ритам плус“ од Скопје, од каде што како инструктор доаѓа Верица Василевска. После неколкугодишна напорна работа, секцијата прераснува во клуб, а името Т.К. “Динамик“ го носи од 1993 година. Инаку клубот е член и е ден од оснивачите на Танцовиот сојуз на Македонија од основање на сојузот во 1994 година.
Работата на клубот се состои од две основни дејности:
Школа за танцување, која има за задача да организира курсеви за танцување во сите старосни групи.
Спортско-натпреварувачки танц, на кој му се посветува извонредно големо внимание, што се гледа и преку ангажирање на врвни тренери како Златин и Викторија Костови од Бугарија, Милош Рабреновиќ од СР Југославија, како и најдобрата танцова двојка од Бугарија Андреј Тодоров и Добрина Поричкова.
Со цел да се прошири и надгради знаењето, танцовите двојки одеа на голем број стручни семинари во Македонија и надвор од неа.
За истакнување е дека од формирањето на клубот до сега, низ него, а воедно и низ Центарот за култура поминале околу 5000 членови.
Резултатите од ваква работа и вложен труд се неминовни. Би ги истакнале настапите на двојката Ивановски-Цветковска на три светски и две европски првенства, како и учеството на светските првенства за возраст од 16-19 годинина двојките Филип Георгиевски- Милица Стојановска во Љубљана, Словенија и Стефан Георгиевски-Андријана Трајковска во Москва, Русија, како и бројни настапи на турнири во Бугарија, Грција, Словенија, Романија…
На домашен план Т.К. “Динамик“ настапувал на сите Бодовни натпревари, Државни првенства во ЛА и Стандардни танци, како и Куп натпревари на Македонија, на кои се остварени извонредни пласмани, први, втори, трети места во разни категории на натпреварувачи.
Групи за модерен балет
Во матичното творештво на Центарот закултура, групите за модерен балет се едни од најбројните и најпопуларните меѓу младите во Куманово.
Почетоците ги бележиме со групата “Алфа“, а подоцна е формирана и групата “Мак“.
За одбележување е претставувањето на групата “Мак“ на поранешниот Југословенски фестивал на џез денс и модерен балет во Словенија и освојувањето на втората награда од стручното жири. Во различни периоди како кореографи на групите работат Стојадин Ивановски Дине и Лидија Ацевска, како и, Лидија Накова и Весна Лазаревска.
Покрај оваа група од 1992 година, работат и групите “Ултра“ (над 12 години) и “Пиколо“ (под 12 години), а како кореограф со овие групи Александра Нацевска, надворешен соработник на Центарот. Со “Пиколо“ работи Весна Ѓурковска.
За одбележување е и работата на групите за модерен балет “Феникс“ кореографи Габриела и Марина Петрушевски, “Аида“ кореограф Весна Лазаревска, “Медија“ Марија Ангеловска, “Аква“ и “Твикс“ кореограф Емилија Ивановска.
Школа за класичен балет
Паралелно со групите за модерен балет, работеше и школата за класичен балет. Во почетокот 1987 година со школата работи балетскиот педагог Натка Пенушлиска, тогашен професор во НБУЦ “Илија Николовски – Луј“, еден период Лиљана Ацевска, а подоцна и Слаѓана Чаѓановиќ.
Мешовит хор
Мешовитиот хор работи повеќе годинина назад, со извесни прекини, негувајќи ја хорската музика. Подолг период со хорот работеше диригентот Часлав Арсовски, еден период му помагаше и диригентот Моме Петковски. Моментално со хорот работи диригентот Виктор Костовски.
Школа за пијано, една од најновите форми за едукација на заинтересираните за овој инструмент. Со школата работи професор Марија Тодоровска, а според пројавениот интерес, мислиме дека сме на добар пат да ја оствариме основната замисла, а тоа е да се добијат основни познавања за пијаното и насочување кон овој инструмент и сериозната музика на генерациите кои доаѓаат.
Фолклорен ансамбл за народни песни и игри “Тоска” со оркестар на народни инструменти, работи како матична форма при Центарот за култура – Куманово. Со особена љубови пристап кон работата успешно ја негува и интерпретира македонската народна песна и игра, богатството на македонската носија и традиционалните инструментии преку соодветен уметнички израз го презентира богатството на фолклорната ризница на македонскиот народ.
Концертниот репертоар на ансамблот е разновиден и атрактивен и опфаќа песни и игри од цела Македонија, со карактеристична елеганција, нагласена динамика и темперамент, како и инвентивна и атрактивна кореографија.
Ансамблот “Тоска” има настапувано на различни манифестации, фолклорни средби или со самостојни концерти како во Македонија (Скопје, Кочани, Кичево, Делчево, Свети Николе и т.н.), така и надвор од Република Македонија на меѓународни фестивали во Париз – Франција, Франкфурт – Германија, Краков – Полска, Ѓер – Унгарија, Ќустендил – Бугарија, Белград – Југославија и на други места.
Со шареноликоста на репертоарот (“Тресеница”, “Солунка”, “Сред село”, “Водарки”,“Калајџиско” и други) секаде ги освојуваше симпатиите на публиката, нудејќи љубов, песни и блискост.
Како кореограф со ансамблот “Тоска” работи Един Азизи.
Матичнапродукција на театарски претстави
Големо значење и акцент во работата Центарот за култура даваше на аматерскиот театар, кој во Куманово како град има традиција, а дел од некогашните актери – аматерии ентузијасти, денес се признаени, наградувани и барани актери, некои актери во подем, а некои допрва ги започнуваат студиите на ФДУ во Скопје.
Драмската секција работеше под разни имиња, но гледано од овој агол сепак во континуитет. Како режисери на разни проекти работеле Томче Стојков, Живко Пешевски, Стоје Додевски, Симеон Гаврилов, Мите Грозданов, Марија Раинова и други, а на сценатана Центарот за култура биле изведени детските претстави “Капетанот Џон Пиплфокс”, “Како настанале грдите зборови”, “Дедо Мраз и Феферона”, “Крале Марко и Феферона”, куклената претсава за деца “Шумска приказна”, како и претставите “Јадигар” од Васе Манчев, “Р” од Јордан Плевнеш, “Ангелина” и други.
Со овие претстави Центарот за култура се претставуваше во бројни градови во Македонија, на Фестивалот “ФААТ” во Кочани, а секако најблагодарна беше детската публика во сите градови каде се настапуваше.
Издаваштво
Центарот за култура во своето работење големо внимание посветуваше и на секторот издаваштво. Дел преку манифестацијата “Поткозјачки поетски средби” во која се доделуваше наградата “Нарциса” за најдобра необјавена стихозбирка. Оваа манифестација со укинување на Културно просветната заедница беше преземена од Центарот за култура, кој и пред тоа просторно и технички ја помагаше манифестацијата како соорганизатор.
Би споменале дел од наградените автори како Катица Ќулафкова за стихозбирката “Домино” 1993, Јован Котески “Самотија” 1994, Глигор Стојковски “Зад билката,молк” 1995, Ристо Ѓ. Јачев “Велестовски ноќи” 1996, Трајче Крстески “Скриеното во говорот” 1997, Методи Манев “Берачи на ѕвезди” 1998, Стево Симски “Источниот ѕид” 1999.
Во Советот на манифестацијата “Поткозјачки поетски средби” во изборот на најдобра необјавена стихозбирка во определени периоди работеа: Славко Јаневски, Матеја Матевски, Санде Стојчевски, Бранко Цветкоски, Јордан Даниловски, Билјана Станковска, Јован Поповски, Раде Силјан, Светлана Христова Јоциќ, Глигор Стојковски, Ефтим Клетников, Сашо Гигов – Гиш, Бобан Богатиновски.
Во Ноември 2000 година, Центарот за култура “Трајко Прокопиев” – Куманово во соработка со Институтот за фолклор “Марко Цепенков” – Скопје, а финансиски помогнат од Министерството за култура на Република Македонија, ја издава монографската студија “Фолклорот на Куманово и Кумановско” која претставува и прва од ваков вид во Република Македонија.
Соочени со фактот дека изворниот фолклор од ден на ден ненадејно и незебележан исчезнува, наша главна обврска беше да го забележиме и научно обработен да го публикуваме, а со самото тоа да ја збогатиме македонската културна историографија. Да споменеме дека во спомнатата монографска студија подеднакво се елаборирани сите определени целини на Кумановско, како и градот Куманово, обрнувајќи внимание на фолклорот на етничките групи што живеат во овој крај на Македонија. Истата е визуелно надополнета и осведочена со бројни црно бели и колор фотографии, скици и цртежи, карта на кумановско, нотни примери и богата библиографија за кумановскиот крај. Сите овие експлицитни и компаративни елементи на книгата и даваат посебно и сестрано семантичко значење.
Целта на издавањето на монографијата е таа да претставува сведоштво, патоказ и предизвик за понатамошните микро истражувања во откривањето и анимирањето на духовните и материјалните изворни фолклорни вредности кои несвесно ги испраќаме во времето на заборавот.
Не смееме да заборавиме и дека изворниот фолклор ги содржи и од истиот зрачат сите искушенија во животот, како што се тешкотиите, радостите, креативноста, народната мудрост, елементи што на македонскиот народ му биле неопходни за неговото духовно и физичко опстојување, и е редок извор за виталната умствена самосвест на еден народ.
Центарот за култура како издавач со задоволство ја презеде комплетната одговорност за техничката реализација на книгата, како и за нејзина широка презентација во културната јавност во Македонија, преку нејзини промоции во институции заинтересирани за ваква публикација.
Оваа монографска студија за фолклорот и етнологијата на Куманово и Кумановско на сублимиран и експлицитен начин го претставува вековното народно творештво на овој крај, дел од Македонија. Истражувањата се извршени во период од 1992 -1997 година, од страна на Институтот за фолклор “Марко Цепенков”, а се финансирани од Министерството за наука на Република Македонија.
Проектот “Фолклорот на Куманово и Кумановско” ги регистрира и проучува фолклорните достоинства на кумановскиот регион, кои произлегуваат од неговата специфична географска поставеност, големиот број на села (113), влијанијата на разни култури, како и најважниот предизвик, дека за фолклорот на кумановскиот крај сосема малку е пишувано, односно не располагаме со некакви поопипливи запишани сведоштва, за традиционалната, материјална и духовна култура на овој крај.
Во споменатата монографска студија учествуваат 13 научно стручни соработници, кои со своите титули и научни достигања се познати и признати специјалисти во својата област како во нашата држава, така и вон неа.
Со свои тематско-стручни прилози се јавуваат следните учесници: д-р Боривоје Џимревски (раководител на проектот) – Инструменталната музичка традиција на кумановско, м-р Весна Петреска – Современата состојба на обичаите од семејниот циклус во Куманово и кумановско и Современата состојба на пролетните обичаи во Куманово и кумановско, д-р Трајко Петровски – Современата состојба на ромскиот фолклор во Куманово и кумановско, д-р Благоја Стоичковски – Свадбарските песнии обичаи во кумановско, д-р Татјана Каличанин – Лирски народни песни и баладиво кумановско, д-р Ермис Лафазановски – Волшебните приказни од Куманово и кумановско, д-р Лидија Стојановиќ Лафазановска – Рецепција на баладите во кумановскиот крај, д-р Клеанти Лиаку Ановска – Власите во Куманово и кумановско, м-р Изаим Муртезани – Современата состојба на свадбените албански песни во Куманово и кумановско, д-р Боне Величковски – Кратките жанрови и детскиот фолклор во Куманово и кумановско, м-р Весна Матијашевиќ Покупац – Современата состојба на обредните календарски песни во Куманово и кумановско, м-р Кокан Грчев – Карактеристики на традиционалното градежништво во Куманово и кумановско, Јасмина Ристовска Пиличкова – Текстилното народно творештво во Куманово и кумановско, и д-р Боне Величковски – Библиографијата на фолклорот од Куманово и Кумановско.
Во Декември 2000 год. Центарот за култура ја издава збирката песни и краткираскази со наслов “Кога е најубаво сонцето” од членовите на Книжевниот клуб “Сонце” кој работи при Центарот, со цел да се даде осврт на повеќегодишната работа на членовите на секцијата, со литературни творби на дваесеттина членовина различна возраст, кои ги поврзува љубовта кон пишаниот збор. Некои од членовите веќе се имаат претставено на јавноста со по една до две стихозбирки.
Во план за наредната година во секторот на издаваштво е издавање на книгата “Римски некрополи во кумановскиот регион” од М-р Звонимир Николовски, кустос -археолог. Материјалот е настанат како резултат на повеќегодишни истражувања на античката култура во кумановскиот регион.
Вововедните делови се опфатени природно-географските услови, патните комуникации, геолошкиот состав на земјата, како основа за развој на главната стопанска гранка во регионот, рударството.
Материјалната култура е составен дел на гробните инструкции од три фунебрални целини:
“Дрезга” село Лопате;
“Западна некропола” на локалитетот “Костоперска Карпа” село Младо Нагоричане илокалитетот “Големо Градиште” село Коњух.
Од гробниот инвентар можеме да ја следиме етничката, духовната и социјалната структура на населението.
Како посебен дел фигурира епиграфиката која е значаен елемент за ономастичката анализа и структура на населението, како и нумизматиката чии наоди како дел нагробниот инвентар се најдобар показател за прецизно датирање.
Содржинскиотконтекст на овој труд е оправдан и се наметнува со значението на регионот какоцентрален дел на Балканот со погодна геграфска положба која овозможила да сеоствари природен комуникациски простор со што се создале услови за разникултурни влијанија, овде доста изразени со една етничка и културна хетерогеност.
Ситеовие погодности, како и богатството на термо-минерални води, состав наземјиштето, клима и густата хидрографска мрежа овозможиле кумановската областмногу рано да биде населена.
Како посебен стопански сегмент е опфатено античкото рударство кое особено се развилово Кратовско-Злетовската област каде во доцно-античкиот период се развиле неколку нови населби од кои најзначајна како управен, културен и црковен центар е безимениот град со римски урбанистички карактеристики помеѓу селата Ругинце и Коњух, источно од Куманово.
Римската власт во регионот е забележлива со урбани целини, големи поседи на римските ветерани со вили рустики, како и постоење на три административни царински пунктови што е уште една потврда за геостратегиската положба во централниот Балкан.
Религијата како најсуптилен дел од духовната култура е значаен елемент за дефинирање на етносот кој живеел тука. И преку религијата е изразена етничката хетерогеност забележлива преку почитување на неколку божества. Со истражувањата се доаѓа до неоспорни податоци дека освен римски службеници на овој простор живеело автохтоно население чиј хабитус се согледува преку остатоците од материјалната култура.
Посебен куриозитет во оваа книга се неколку примероци на керамички ојнохоа; еднастаклена стомна од типот “шише во шише” и прекрасниот златен и сребрен накит со украси од килибар, полудраги камења и стаклена паста.
Не помалку значаен е и епиграфскиот материјал од надгробните стели секундарно употребени како гробни конструктивни елементи кои посебно се обработени. Тој укажува на статусот на покојните во империјата, нивното потекло, религиозната определеност, императорот во чие време живееле и нивната семејната состојба.
Согледувајќи го досега изложеното и она што ќе го содржи комплетната верзија на публикацијата се работи за еден исклучително археолошки богат и значаен регион чија положба во централно балканската регија отсекогаш имала важна улога од сите аспекти и претставува патна, етничка и културна крстосница.
Ваква обемна студија за кумановскиот регион како интегрална целина која го опфаќа сегментот “археологија” преку некрополите, досега не е направена.
За напомена е и дека голем дел од материјалот не е објавуван во археолошкитестручни списанија и ова ќе му биде прво јавно публикување за што е заинтересирана научната јавност.
Работана здруженија на граѓани во Центарот за култура
Центарот за култура е инстутуција која во голем дел од работата дава стручни, технички, просторни и други видови услуги на голем број сродни институции, како и на здруженија и групи на граѓани од Куманово.
Би набројале дел од нив: Планинарското друштво “Козјак”, Еколошкото здружние“Сонце”, Здружение на радиодифузни претпријатија “Етер”, Здружение на граѓани “Кумановски џез фестивал”, Здружение на ликовни уметници и симпатизери “ЗЛИТИС”, Здружение на граѓани мултимедијален центар “Лук”, КУД “Амалипе”, КУД“Рушит Шакир”, Драмската група “Доника”, Драмско струдио “Лајф”, Драмска група“Циганско сокаче” и други.
Во овој контекст би ја напоменале како една од најсуштинските, веќе тригодишната соработка со “Летен џез фестивал – Куманово”, една од без сомнение најквалитетните, ако не и најквалитетна манифестација во градот, каде Центарот за култура беше од голема помош во организационен смисол, технички и просторно, изработка на сценографија, уредување на просторот, користење на канцеларии и друго.
На овој фестивал се појавија покрај домашните, се појавија имиња и групи од светот на џез музиката кои, како општо прифатено мислење беа вистинско освежување за љубителите на овој вид музика.
За одбележување се настапите на Тони Китановски – трио, Р.М. Точак – трио од Југославија, Теодоси Спасов – Трио од Бугарија, дд Синтезис, Анастасиа, Гаро и Парамециум, Сет, Бодан Арсовски и Езгија оркестра, Влатко Стефановски – трио, Блуес Варе од Грција, Поинт бланк од Југославија, Флорина Брасс Бенд од Грција, Парадоџ трио од САД, Лолита од Словенија, Зоран Маџиров квартет, Зона Ц одБугарија, Хуман беингс од Франција, Баба Зула од Турција и други.
За одбележување е и соработката со возобновеното КУД “Рушит Шакир” кое покрај редовната работа и бројните настапи, оваа година успеа заедно со Центарот за култура да го организира и првиот “Фестивал на ромски игри и песни во Македонија”.
Исто така многу добра и коректна соработка е и со Здружението на граѓанимултимедијален центар “Лук”, со кои за почеток се организираше Фестивалот на детски песни “Детелинка”, во продукција на “Лук”, а Центарот како главен спонзор и покровител на манифестацијата. Соработката продолжува со натамошна презентација на песните од фестивалот на концерти во Центарот за култура и некои други објекти, како и гостувања во други градови. Во план се и други заеднички проекти.
Страшо Арсовски