ПРОГРАМА:
AnAntonio piano duo
- Mendelssohn Bartholdy (1809-1847): Allegro brillante op. 92, AnAntonio piano duo
- Schumann (1819-1896): 4 Pièces fugitives
Ana Josimovska Cagnazzo, solo, Antonio Cagnazzo, solo
- Zografski (1934-2000): Miniaturi op. 6, Antonio Cagnazzo, solo
- Zografski (1934-2000): Miniaturi op. 11, Ana Josimovska Cagnazzo, solo
*****
- Ravel (1875-1937): Španska rapsodija
- Prelude a la nuit (Modere)
- Malaguena (Assez vif)
- Habanera (En demi-teinte et d’un rythme las)
- Feria (Assez vif)
- V. Rahmanjinov (1873-1943): Six morceaux op.11
- Barcarolle (Moderato)
- Scherzo (Allegro)
- Ruska tema (Andantino cantabile)
- Valcer (Tempo di Valse)
- Romansa (Andante con anima)
- Slava (Allegro moderato)
Пентатониката во валдорфската педагогија и во концертниот пијанизам
Краток опис на концертното предавање
Од својот прв час учениците во валдорфското музичко училиште имаат искуство со пентатониката. Нивното прво доживување на инструментот е преку пентатонската скала. Почетникот импровизира четворорачно со својот учител по црните типки. На тој начин ученикот се чувствува сигурно и остварува пријатен контакт со инструментот без аналитички објаснувања.
Преку тонското истражување, вољата на учениците да го осознаваат и истражуваат инструментот останува жива и будна. Почнуваат без ноти, по слух, со имитација бидејќи искуството му предходи на осознавањето. На тој начин свесно на учениците им е даден поголем простор за слободен развој на индивидуалноста и креативноста.
Пентатониката на клавирот овозможува многубројни музички решенија и пријатно тонско доживување. Преку пентатонската скала дури и самите почетници ја запознаваат целата клавиатура и употребувајќи десен педал, почнуваат да се играат со звукот.
Во денешно време, повеќе одколку во минатото, знаеме дека музиката има огромен спектар на позитивни влијанија во индивидуалниот развој на секој човек. Преку оваа метода, се овозможува музички и личен раст и развој на секој ученик во согласност со неговите природни предиспозиции.
Пентатонската скала е истовремено нитка од делата на големите композитори како Шопен, Дебиси, Равел, Форе и многу музичари ја поврзуваат со импресионизмот, во кој ориенталната култура има огромно влијание.
Во ова концертно предавање ќе представиме неколку дела од големите композитори во кои пентатонското доживување е присутно.
АнАнтонио пијано дует го сочинуваат
Ана Јосимовска Кањацо и Антонио Кањацо.
Двајцата признаени музичари со македонско и италијанско потекло, живеат и творат во Љубљана, Словенија. И двајцата пијанисти се валдорфски педагози и предаваат во Валдорфското музичко училиште во Љубљана.
Нивниот врвен пијанистички израз е обликуван од различните културни средини и познатите музички установи како што се: Музичка Академија Љубљана, Академијата „Santa Cecilia„ Бергамо, Академијата “Angelica Costantiniana” Рим, Музичката Академија Пескара и преку соработката со извонредни музичари како: Константин Богино, Дубравка Томчиш Среботњак, Рита Трпчева Поповиќ, Маријаграција Лиои, Карола Гриндеа, Ноел Флорес, Александар Сердар, Михаил Воскресенски, Алдо Чиколини, Бруно Ригуто, Марчела Крудели.
Добитници се на многу награди од меѓународни натпревари и настапувале со Македонска филхармонија, Словенска филхармонија, Оркестарот на музичката Академија од Пескара, Младинскиот оркестар од Мартиненго, оркестарот на меѓународниот фестивал во Chioggia, на Коларац во Белград, во Народниот музеј во Софија, Театарот “Paisiello” во Лече, Салата „Piatti„ во Бергамо, во Театарот “Marcello” во Рим, на Словенскиот конзерваториум во Париз, во “Gotheanu” во Дорнах, во “Michael Hall” во Лондон, на Музичката Академија во Осло…
Имаат концертни предавања во организација на EPTA Словенија и Италија.
Нивниот репертоар опсега дела за клавир соло, дует и за два клавира од Јохан Себастијан Бах до делата на Родион Шчедрин и Гиорги Куртаг. Во 2014 година издаваат прв компакт диск со наслов „Тарантела„.