Програма
1. Ј.С.Бах: Мал Прелудиум бр.2 C dur BWV 939
2. J.С.Бах: Мал Прелудиум бр.10 g moll BWV 929
3. J.С.Бах: Француска Свита бр.6 BWV 817 “Полонеза”; “Жига”
4. Кулау: Сонатина оп.20 бр.1
5. Д.Скарлати: Соната К9 L413 d moll
6. Д.Скарлати: Соната К 159 C dur
Пауза
7. Џ.Гершвин: Прелудиум бр.1 B dur
8. В.А.Моцарт: “Турски Марш” К 331
9. Л.В.Бетовен: 6 Варијации WoO 77 G dur
10. Ф Шопен: “Мазурка” оп.7 бр 2
11. Ф.Шопен: “Фантазија импромти” оп.66
МАТЕЈ КОРУНОСКИ од Скопје, е роден 01.02.2008 во Скопје, Македонија.
Со свирење на Пијано започна од својата рана 3 годишна возраст, кога беше утврден негов голем афинитет кон музиката што беше повод за почеток со часови по пијано. Започна да работи со проф. Слаѓана Јовановиќ која со своето големо 30 годишно работно искуство специјално со деца, го потврди несекојдневниот талент и музикалност на Матеј, како и неговиот изразен апсолутен слух како резултат на кој Матеј на секој час со леснотија усвојуваше нова композиција, иако сеуште без никакво музичко познавање на ноти. Неговиот Прв настап беше на Меѓународен натпревар во Софија на 4 годишна возраст, каде во конкуренција со деца 4 години повозрасни од него, Матеј освои Специјална Лауреат Награда. После освојувањето на ПРВАТА ЛАУРЕАТ Награда на Мегународниот Натпревар во Софија со неговата проф.Слагана Јовановик , следува период на постојани настапи во земјата, и надвор од неа, освојувајки многубројни Награди, меѓу кои вредно е да се истакнат Првата Награда на Меѓународниот Натпревар “Даворин Јенко“ во Белград, Србија, со освоени високи 99,3 поени, каде покрај редовната Диплома, и Матеј и неговиот ментор добија посебни Почесни Дипломи за одлично изведените композиции.
Како резултат на освоена ЛАУРЕАТ Награда на Мегународниот Натпревар во Врање, Србија, Матеј доби стипендија за Мастер часови на Меѓународна Академска Музичка Школа во Србија одржана од угледни професори по пијано од повеќе европски држави чиј претсетател е реномираниот академик Проф. Клаус Шилде од Германија на која Матеј беше најмладиот учесник, на која беше избран да настапи и на Завршниот Концерт.
Продолжувајки ги активно своите часови по пијано,веке од 6 години Матеј продолжи интензивно да работи со академски професор, Ѓошевска Марија од Музичката Академија во Скопје, работејки континуирано и интензивно по седум часови во текот на неделата во долг период од четири години.
Запишувајки се во основното музичко училиште “Илија Николовски Луј“ каде со Матеј работи Проф. Мицовска Смилевска Славица, во 2016 Матеј зема за прв пат учество на Државниот Натпревар на Македонија во Пијано, каде освои Прво Место на Општинскиот, на Регионалниот и на крајот Прво место и на Државниот Натпревар.
Во следната 2017, Матеј по втор пат учествуваше на Државниот Натпревар во Пијано, каде освои 100 поени Прво Место на Општинскиот Натпревар, на Регионалниот и 100 Поени Специјална Лауреат Награда на Државниот Натпревар, како резултат на што настапи на Завршен свечен Концерт во Салон 19:19 во Скопје.
Во 2018, заедно со неговата Проф. Мицовска Смилевска Славица, земаа учество на Државниот Натпревар, каде Матеј повторно освои Прво Место, на Мегународниот натпревар “Полихимниа“, на кој му беше доделена Специјална Лауреат Награда во неговата категорија, и Специјал-специјал награда на ниво на сите специјал награди од различни категории и возрасти, како и на Мегународен натпревар “Music and Earth“ во Софија, Бугарија, на кој доби Специјална Награда -Млад Талент.