Трио Џентлмен е составено од тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешовски – тенор. По урнекот на светските поп-класични состави се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар освен класичните композиции се нао
ѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и секако македонското творештво. За ова кратко време колку постојат (околу две години) имаат настапувано низ целата земја (Скопје, Охрид, Струга, Битола, Радовиш, Виница, Штип, Пробиштип и др.) со свои целовечерни концерти, како и, дел од големи манифестации во нашата држава, а и надвор од неа.
Во ноември 2015 на Балканската „Романсијада“ фестивал кој се одржа во Софија, Бугарија го освоија првото место со награда за професионалност и оригиналност. Натап на фестивалот за забавна музика „МакФест 2016“ во градот Штип, како и, на повеќе значајни манифестации кои се одржуваат во нашата земја.
Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново, нешто невидено на нашите простори. Различни ги прави тоа што прават спој на операта, оперското пеење со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, тризвук интрепетиран од тројца оперски пеачи.
ПРОГРАМА:
1.Adagio
2.Hallelujah
3.Senca Catene
4.Notte di luce
5.Nella Fantasia
6.Feelings
7.One night only
8.My Way
9.You raise me up
10.Unbreak my heart
11.La vida sin amor
12.Beautiful Maria of my soul
13.Caruso
14.Parla piu piano
15.Mamma son tanto felice