Ве очекуваме во вторник.
Во фоаје на Центар за култура.
Од 18:00 часот.
Збирката содржи 64 хаи[бун]накуа, што симболички ја претставуваат годината на раѓање на авторката 1964, којашто, пак, е година на змејот во земјите што го следат кинескиот хороскоп.
Дијана Петкова е родена во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Македонски јазик со историја на книжевностите на југословенските народи. Нејзината поезија е објавувана во списанијата „Современост“ „Стожер“ и „ТЕА Модерна“ и хрватското списание „Ирис“, а застапена е во антологијата „Отчукување на срцето во македонската поезија“ од Светлана Христова-Јоциќ (2012), во зборникот „Надреалистички гугилипапули“ со поезија и кратки раскази (2016), во Зборникот на Поетски слем Македонија (2021 и 2022), како и во повеќе е-збирки.