ПРОМОЦИЈА НА КНИГА – САГА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ВОЕНИ ПИЛОТИ 09.05.2018 СРЕДА ФОАЈЕ 20ч.

           Ѕвездено небо

На воениот пилот срцето му е гром
а небото над облаците, дом.
Молња се неговата мисла и поглед
и не можеш да го следиш со двоглед.
Со голема метална птица
пилот управува за слобода на народот
се вивнува кон светлината
траги остава на небесата, во висината.
Пилот за мир до ЅВЕЗДЕНОТО НЕБО!

 

Рецензија

     Делото „Сага за македонските воени пилоти“ е оргинален труд со оглед на тоа дека на оваа тема прв пат се вршат истражувања од ваков вид со приложување на оргинални фотографии и изворни податоци за личности и настан кои го одбележале македонското воено воздухопловство.Монографијата осетно ги надополнува тематските недостатоци во нашата држава со што се дава особен придонес во поттикнување и развој на истражувања од различни области од национална воена историја на Макдонија.Верувам дека овој труд ќе иницира нови истражувања и проширување на постојаните сознанија.

                                                                                                    Проф.д-р Александар Стојчев

 

                                Биографија

Ставре Џиков (р. 7 јуни 1952) — македонски правник, адвокат, поранешен судија и државен јавен обвинител на Република Македонија, публицист – автор на повеќе книги. Роден е во 1952 година во градот Ѓержоњув во Долношлезиското војводство, Полска, како дете на политички емигранти – бегалци од Граѓанската војна во Грција. По потекло е од Егејска Македонија, од Шестево, Костурско и Чеган, Воденско.Неговиот дедо Атанас Димовски бил месен војвода на Шестево и борец во четите на војводите Пандо Кљашев и Васил Чакаларов во времето на Илинденското востание.] Во декември 1956 неговото семејство се враќа во главниот град на Македонија, Скопје. Средното образование го завршува во скопската гимназија „Орце Николов“, а високото на Правниот факултет во Скопје.

По завршувањето на високото образование повеќе години работел како истражен судија во основниот суд Скопје 2, се до именувањето за државен јавен обвинител.] Во периодот 1999–2002 ја извршувал функцијата државен јавен обвинител на Република Македонија. Како јавен обвинител на Република Македонија во периодот на воениот конфликт во 2001, ги покренал истрагите и обвиненијата за воени злосторства против ОНА и ја започнал соработката со трибуналот во Хаг, при што имал и конфликтни односи со обвинителката Карла Дел Понте во однос на предавањето на случаите во Хаг. По заминувањето од функцијата јавен обвинител на РМ, се вклучува во адвокатурата, каде работи како адвокат сѐ до денес.

Од 1990 година започнува со пишување на повеќе фељтони во новинските изданија, дневни весници, неделници и списанија на историски теми и теми од неговата правничка-обвинителска професија поврзани со Македонија. Негови фељтони се: Вистината за Прохор Пчињски во „Нова Македонија“, април 1990; Голготата на прогонетите Македонци во „Република“, декември 1991; Македонска политичка емиграција во „Македонија Денес“, септември 1998; Македонија експериментална лабораторија за човековите слободи и права во „Македонија Денес“, октомври 1998; Македонија од Требош до Хаг во „Македонија Денес“, февруари 2004 и др.] Истовремено започнува со пишување и објавување на повеќе книги со различна тематика од уметничката проза и поезија, правната струка и историјата на Македонија. Автор е и на повеќе стручни научни статии од областа на судството, обвинителството и адвокатурата, меѓу кои: Практицирање на јавниот обвинител, Односот помеѓу адвокатите, судиите и обвинителите и Јавното обвинителство и медиумите.

Во македонската јавност е познат активист, учесник и еден од организаторите на штрајкот со глад против промена на името на Македонија одржан два пати, во демекври 2010 и октомври 2011. Ставре Џиков е женет и е татко на две деца.

Книги

Ставре Џиков е автор на повеќе книги со различна тематика од уметничка проза и поезија, како и стручни монографии од правната наука (обвинителската и адвокатската струка) и теми од историјата на Македонија, посебно околу политичката емиграција и македонското национално прашање. Негови објавени книги се:

  • „Вистината за Прохор Пчински“ (1990)
  • „Прогонети“ (1991)
  • „Македонија во комунистичкиот триаголник“ (1993)
  • „Воскресение“ (1995)
  • „Претседател на Македонија“ (1997)
  • „Јавно обвинителство“ (2001)
  • „Адвокатурата во Република Македонија (1945-2005)“ (2005)
  • „Четврта емигрантска Македонија“ (2007)

Коавтор е на книгите:

  • „Јавното обвинителство во Република Македонија“ (2000)
  • „Заговор против претседателот Киро Глигоров“ (2002), со Киро Глигоров
  • „Обединета Македонија во обединета Европа“ (2009), со својот син, Александар Џиков

 

Киро Кипровски е роден 1949 година во Гостивар.Тој е познат новинар и публицист, доајен на македонското новинарство.Првите новинарски текстови ги објавил уште како средношколец, а како студент на Економскиот факултет во Скопје соработувал со весниците „Млад Борец“ и  „Студентски збор“. Од 1968 година до 2005 година бил постојан хонорарен дописник на весникот „Нова Македонија“.Бил постојан дописник и на  „Утрински весник“, соработувал со Радио Скопје и со ТВ Скопје и со МРТ. Од 1974 година па се до пензионирањето во 2013година, бил вработен во Радио Гостивар, како новинар-уредник на емисиите на македонски јазик.

Во полувековното активно новинарско работење, како дописник од Гостиварско-мавровскиот, Горно и Долнореканскиот регион и Мијачијата, соработувал и со повеќе други печатени и електронски медиуми во времето на поранешната СФРЈ: со ревијата „Арена“- Загреб, „Спортске новости“- Загреб и „Спорт“-Белград, за новинските агенции Танјуг-Белград, МИА и Макфакс-Скопје.Соработувал и со емисиите на македонски јазик на Радио Дојче веле, Радио Берлин и ТВ Македонски глас-Берлин.

Во 1987 и во 2001година е прогласен за дописник на годината на весникот „ Нова Македонија“. Во 1989 година е добитник на Ноемвриската награда на Општината Гостивар.

Киро Кипровски ги има објавено книгите: ХЕЦ „Тито“ , „Десет години на МПЦО „ Св. Климент Охридски“-Берлин, „Мавровски светлини“, и монографиите „Галичник засекогаш“ и „Манастир Свети пророк Илија-Долно Јеловце“ прво издание и второ дополнето и изменето и во „Македонија мојот живот“ за животот на Гојко Јаковлески.

Успешно се занимава и со репортерска фотографија и има објавено неколку илјади фотографии во повеќе весници,списанија, проспекти, каталози, новогодишни календари и книги.

Од 1993 до 1998 година бил член на Претседателството на Здружението на новинарите на Македонија.