Театарска претстава „Трнорушка“

Како една од најстарите уметнички форми, бајката e потреба низ сон, мечтаење, имагинација да се наткрили животот. Таа со својот јасен и цврст етички кодекс (борба за добро, правда, еднаквост, љубов) ни открива и подвлекува некои суштински животни вредности. Бајката на сцена не толкува, објаснува, ниту докажува, туку повеќе потшепнува и предизвикува, запрашува и провоцира и, оддалечувајќи нè од животот, ни зборува за животот. Таква е и нашата „Трнорушка“.
Актерската екипа која учествува во претставата се: Сања Русеска
(премиерна подела ) Александра Михајловска, Владанка Димковска, Марко Трајковиќ, Нина Максимова, Жарко Јовановиќ и Давид Илиќ.
Режија: Бојана Краљевска
Сценографија: Крсто Богојевски
Костими: Дарко Илиевски
Драматургија: Зоран Зафировски
Музичка илистрација: Зоран Зафировски
17 мај ( среда) од 18:00 часот
Билети на билетара во Центар за култура од понеделник 8 мај.