Изложба “Митологија, религија или слободна мисла“/Ekspozita “Mitologji, fe ose mendim i lirë”

На 01.10.2026 /четврток/ со почеток во 19 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена  изложбата “Митологија, религија или слободна мисла“ на  авторот Трајче Чатмов.  Изло=бзтз содржи дваесеттина слики од неговата најнова продукција .

Трајче Чатмов е роден 1971 та година во Скопје . Дипломира  на Факултетот за ликовни уметности во класа на професорот  Рубенс  Корубин.  Магистрира на истиот факултет под менторство на професорот  Родољуб Анастасов.

Своето прво самостојно излагање Трајче го има непосредно по своето дипломирање,во Домот на културата Охрид во 1997 година во склоп на Охридско лето и со тоа започнува неговото претставување како академски сликар. Следни самостојни изложби му се:

  • 2002 Скопјеизложбен салон при Домот на АРМ и
  • 2002 Ликовен салон-Велес ,
  • од 2006 до 2008 во Скопје ( изложбен салон Дом на АРМ),Битола во Центар за култура ,Кавадарци( Дом на култура ,, Иван Мазов,,  , Прилеп( Дом на култура ,, Марко Цепенков)  и ликовен салон- Врање (Р.Србија) ,
  • од 2011 до 2013 Скопје( изложбен салон ДЛУМ), Велес ( ликовен салон)
  • 2016 во Скопје галерија Концепт 37,
  • 2017 во галерија ШТАБ – Белград , галерија 2.0 во Софија,
  • 2019 во Скопје галерија Концепт 37.
  • 2020 Неготино Музеј на град Неготино

.         2021 МКЦ- Скопје

.         2024 Национална галерија (Чифте амам)

.         2025 Музеј галерија Кавадарци

Изложбата ќе биде поставена до 15.10.2026.