ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД СТАРО И НОВО КУМАНОВО – ЗДРУЖЕНИЕ “АКТИВУМ“ – 26.12.2019 (четврток) 19ч.

 

 

Почитувани,

Граѓански Центар АктивУм од Куманово ве кани на отварање на изложба на фотографии од фото конкурсот за старо и ново Куманово, промоција на фото албум со разгледници и свечено доделување на наградите на 3те најдобри фотографии.

Отварањето ќе се случи на 26ти декември (четврток) во 19часот, во Центарот за култура Трајко Прокопиев во Куманово, а изложбата ќе биде отворена за посета до 10ти јануари 2020.

Целта на изложбата е афирмација на локалната култура, традиција, но и урбано живеење и секојдневие во Куманово низ објективот на фотографите, и претставува наш заеднички придонес кон одбележувањето и прославата на 500 години од Куманово.

Изложбата е дел од проектот #Култура за Куманово# Куманово за култура, поддржан од Регионалната програма за локална демократија во западен Балкан (ReLOaD), финансирана од Европската унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединети нации (УНДП). Проектот е ко-финансиран од општина Куманово.

Со почит,                                                                                    

АктивУм, Куманово