КОНЦЕРТ – MOZART vs POULENC 18.10.2019 (ПЕТОК) 20ч.

ТРИО  обоа, фагот и пијано 

ПРОГРАМА

W.A.Mozart- Дивертименто Es-dur kv. 252
-Andante
-Menuetto
-Polonaise
-Presto assai

W.A.Mozart –Дивертименто B-dur kv.240
-Allegro
-Andante grazioso
-Menuetto
Allegro

F.Poulenc-Трио
-Presto
-Andante
-Rondo

ТРИО обоа,фагот и пијано
Составено од тројца етаблирани музичари, Татијана Петрушевска Караскаковска обоа,Марјан Милошевски фагот и Петар Макариевски пијано, ова Tрио ги здружи своите сили во 2014. Сите остварени и потврдени уметници со своите инструменти, поттикнати од желба за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар. Формирање на камерни ансамбли од секаков вид е потребно и полезно за музичарите, од аспект на соработка,зголемување на репертоар,изведување на дела кои не се само за соло инструмент,туку се во соработка со други онструменти. Во овој ансамбл имаме обоа и фагот во соработка со пијано,тоа ни овозможува широк спектар на репертоар, на кој има композиции од различни епохи, форми и кои бараат виртуозност во изведбата и се предизвик за изведување. Х. Брод, Т. Лалие, К. Фридеман, В.А. Моцарт, Ф. Пуланк се дел од композиторите кои се на репертоарот на Триото. Првиот свој настап Триото го имаше на концертот и промоцијата на ЦД во чест на флејтистот Илија Зимбо,следуваат концерти во Демир Капија, Куманово, Виница, Скопје.

ТАТИЈАНА ПЕТРУШЕВСКА – Обоа
Родена е во Куманово, каде што го започнува своето музичко образование во класа по пијано. Продолжува во Скопје во класата по обоа, кај проф. Васил Атанасов, а подоцна дипломира на ФМУ во класата на проф. Киро Давидовски. За време на своето школување, има освоено I републичка и II сојузна награда во Љубљана (1988). Во 1990 посетила мајсторски курс кај проф. Љубиша Петрушевски во Белград. Уште како студент, активно учествува во разни камерни состави (го формира дувачкиот квинтет “АРТ“ и камерното студио “БАХУС“) со кои остварува многу концертни настапи , хонорарно соработува во Македонската Филхармонија и Операта. Соработувала со етаблирани пијанисти како Јасна Аврамовска, Јасминка Чакар, а во моментот како постојан пијанист е Петар Макариевски. Покрај концертните настапи остварува и аудио и видео записи за МРТВ, а во 2010 издава свое самостојно ЦД. Некои од настапите: рецитални настапи во салон 19,19, на Скопско лето, Штип, Куманово како солист и член во Камерниот оркестар на МРТВ (на Деновите на Македонска музика, Охридско лето), со Мандолинскиот оркестар на Рамадан Шукри, Македонската Филхармонија. Гостувала во Бугарија, Романија, Србија и Црна Гора, Грција, Украина, Хрватска. На својот репертоар има дела од : Бах , Вивалди , Телеман , Моцарт, Хајдн, Шуман, Сен – Санс, Пуланк, Каливода, Даели, Зеленка, Бритн и др. Моментално е вработена во оркестарот на Македонска Опера и Балет како I обоа и хонорарно соработува со Македонската филхармонија. Важно е да се напомене дека од 2008год.соработува со ХНК Иван Племенити-Зајц од Ријека и ХНК Сплит.
Во 2016 магистрира на ФМУ, на катедра за дувачи-обоа, во класа на Проф. Мр. Гордана Јосифова-Неделковска, со највисока оцена.

МАРЈАН МИЛОШЕВСКИ, фагот
Студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. П.Трајковски. На факултетот погледот кон фаготот, камерната музика и оркестарот добиваат нова смисла и тежина, доаѓаат бројни настапи со симфонискиот оркестар, камерна музика за во 1999 го оствари својот прв целовечерен рецитал во рамките на Музика Вива на ФМУ. Два пати е избран како еден од најдобрите студенти во инструменталната класа да настапува со македонската филхармонија. Своите први професионални почетоци ги започнува во камерниот оркестар за модерна музика Света Софија, со кој настапува на Охридско Лето и Денови на Македонска Музика. Член е на Националната Опера и Балет во Скопје. Во 2000 гостува во Операта во Тирана, Албанија. По завршувањето на факултетот се запишува на магистарски студии на музичкиот факултетот во Скопје. Карактеристично за рециталите кој беа во склоп на студиите е тоа што делата беа премиерно изведени во Р. Македонија.
На Мајсторската школа во Дубровник 2002 се запознава со неколку менаџери од областа на класичната музика, кои му доставуваат неколку понуди за соработка меѓу кои и оркестарот за нова музика СОНЕМУС. Со СОНЕМУС има остварено бројни концерти на балканот но и во други европски центри. Во 2003 настапува со симфонискиот оркестар на ФМУ како солист на Моцартова вечер. Подоцна со СОНЕМУС заминуваат во Швајцарија каде работат во Националниот Театар во Винтертур и имаат повеке значајни концертни турнеи. Истата 2003 магистрира на темата: “Интерпретација на фагот“. Во 2004 ја основа музичката работилница АД ЛИБИТУМ која имаше повеќе камерен карактер и во чиј склоп работеа – дрвен дувачки квартет и квартет фаготи. Сеуште активно работи во повеќе камерни состави како Трио Аура, Опера Трио, Дувачки квнтет при МОБ, Сонорис Ансамбл за современа музика, Ансамбл Контемпора, Пијано трио и други.
Моментално е вработен во МОБ како прв фаготист и вон-професор по фагот и камерна музика на ФМУ во Скопје.

ПЕТАР МАКАРИЕВСКИ е роден во Скопје. Во 2001 дипломира на Факултетот за Музички Уметности во Скопје во класата на проф. Јасминка Чакар. Од 2001- 2003 посетува магистерски студии по пијано на Државната Музичка Академија во Софија, Бугарија, во класата на проф. Антон Диков. Во 2011 добива асистентско место на Државниот Универзитет во Атланта, САД, каде паралелно завршува уште еден циклус на магистерски студии по пијано во класата на проф. д-р. Серѓо Гало. Во текот на престојот во Атланта, Макариевски активно настапува со солистички концерти, камерна музика, и работи како хонорарен пијано соработник на истиот Универзитет.