Меѓународен фестивал на проза 2025 Куманово

Меѓународен фестивал на проза 2025, прва вечер.
Гости: Весна Мојсова Чепишевска, Оља Стојанова и Огнена Никуљски.
Модератор: Душко Крстевски
Благодарност до гостите и до нашата публика.
Во склоп на Меѓународен фестивал на проза Куманово имавме креативна литературна работилница, каде на најмалите, писателката, Ана Голејшка Џикова им читаше и презентираше книга за деца по која најмалите создаваа свои цртежи.
Исто така во склоп на работилницата најмалите имаа можност да ја погледнат изложбата на илустрации на Иванка Ниба која им ги објасни начините на создавање на една илустрација.
Втора вечер Меѓународен фестивал на проза 2025 Куманово.
Имавме голема чест наши гости да бидат: Лидија Димковска, Наташа Сарџоска и Филип Грујиќ
Модератор: Ана Јовковска.
Благодарност до гостите и публиката.