Марјан Скрижевски e роден 1974 во Куманово. Средно училиште завршил во гимназија “Гоце Делчев“, Куманово. Со фотографија активно се занимава во последните 10 години. Се што знае за фотографијата има научено самостојно преку читање на интернет, гледање видеа на ју туб и најмногу преку учење од сопствени искуства додека фотографирал. На изложбата ќе бидат претставени цркви, езера, водопади, планини и други природни убавини од Македонија.
Ова е прва самостојна изложба на Марјан Скрижевски со наслов “Љубов“, а повеќе детали околу изложбата ќе бидат кажани на самото отварање на 19.03.2026 (четврток), во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово во 19 часот.

