Филип Петровски е роден 1993 г. во Куманово. Дипломиран фаготист на ФМУ во Скопје.
Зад себе го има своето прво психолошко спиритуално книжевно дело „Светот во Световите“.
Книгата е плод на неговата духовна и психичка созреаност. Рецезент е на неколку книжевни дела и е промотор на истите.
Зема учество во многу музички манифестации и има бројни награди во областа на музиката како професионален музички уметник.
Дали ќе преживееме на планетата Земја во блиска иднина?
Ќе се уништиме ли самите себе како влог за нов живот таму горе?
Дали Матка е само подземна пештера или таму се кријат светски тајни?
Љубовта за подобро утро згаснува во последните денови на планетата Земја,
можеби за еден ден да воскресне уште посилна во новите вечности.
Вирусот е пуштен и никого не чека…
Дали главниот лик ќе го издржи интензитетот на авантурата што постои?