20.02.2020 (четврток) 19.30ч. – Изложба на уметничка фотографија “ IV – та Меѓународна Фотоколонија – Старо Нагоричане 2019“

На 20.02.2020 г. / четврток / со почеток во 19,30 ч. во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на уметничка фотографија  од “ IV – та Меѓународна Фотоколонија – Старо Нагоричане 2019“.

Колонијата се одржа во периодот од 5-10 октомври 2019 г. а на истата учествуваа фотографи од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Ученици на оваа “ IV – та Меѓународна Фотоколонија – Старо Нагоричане 2019“ се : Тома Петернек, Геза Ленарт, Воислав Луковиќ, Јелица Милентијевиќ, Ахмет Хукиќ, Петков Јанчев Димитров, Даракчиев Беила Стојанов, Цветан Гавровски, Душан Доцевски, Дарко Доцевски и Саша Јакимовиќ.

Во текот на времетраењето на колонијата беа посетени Старо Нагоричане, Кокино ( мегалитска опсерваторија), Пелинце – Музејот на АСНОМ, Куклица – Кратово, Осоговски манастир – Крива Паланка, Зебрњак – Куманово и Скопје.

Беа направени повеќе фотографии а на изложбата ќе бидат презентирани 22 фотографии и истите ќе бидат подоцна претставени во неколку градови. Изложбата е под патронат на Фото Сојузот на Македонија а е помогната од Локалната управа на Општина Старо Нагоричане и финансирана од Народна техника на Македонија. Организацијата на фотоколонијата  беше изведена од Фото Арт “Ф7“ и Народна техника – Куманово, Изложбата во Куманово ќе трае до 04.03.2020.