Реприза на претставата „Смрт и девојка“
Режија: Мирослав Петковиќ;
Играат: Марко Трајковиќ, Владо Дојчиноски, Сања Русеска;
Драматург: Сашо Костовски;
Костимограф: Дарко Илиевски;
Видеодизајн и видеооператор: Мишо Димитријевски;
Инсталација: Крсто Богојевски;
Дизајн на плакат: Игор Спасовски и Мишо Димитријевски.
* Инспирирана од диктаторскиот режим на Пиноче во Чиле, во периодот од 1973 до 1990 година, драмата отвора многу прашања поврзани со правдината, траумата, одмаздата, довербата, поддршката, простувањето, помирувањето и ефикасноста на општествените системи праведно да управуваат со своите тешки, но многу важни прашања. Дејството во драмата се случува по падот на диктатурата во неименувана јужноамериканска земја, што ѝ дава универзалност на темата, при што фокусот е ставен на последиците од политичкото насилство врз поединците, а особено над жените.
Продажба на билети на билетара во Центар за култура Куманово.
Работно време од 10:00 до 14:00 и од 17:00 до 20:00 часот.