„СМРТ И ДЕВОЈКА“ – 23.01.26 (петок) во 20:00ч

„СМРТ И ДЕВОЈКА“ – 23.01.26 (петок) во 20:00ч
Мала сала, Центар за култура
Местата се ограничени, побрзајте и купете го навреме вашиот билет!
Автор: Ариел Дорфман
Режија: Мирослав Петковиќ
Играат:
Марко Трајковиќ
Владо Дојчиноски
Сања Русеска
Драматург: Сашо Костовски
Костимограф: Дарко Илиевски
Видеодизајн и видеооператор: Мишо Димитријевски
Инсталација: Крсто Богојевски
* Инспирирана од диктаторскиот режим на Пиноче во Чиле, во периодот од 1973 до 1990 година, драмата отвора многу прашања поврзани со правдината, траумата, одмаздата, довербата, поддршката, простувањето, помирувањето и ефикасноста на општествените системи праведно да управуваат со своите тешки, но многу важни прашања. Дејството во драмата се случува по падот на диктатурата во неименувана јужноамериканска земја, што ѝ дава универзалност на темата, при што фокусот е ставен на последиците од политичкото насилство врз поединците, а особено над жените. Една случајна средба ќе иницира конфронтација помеѓу минатото и сегашноста, ќе оживее најдлабоки стравови и гнев, поврзани со едно киднапирање и мачење за време на диктатурата.
Продажба на билети на билетара во Центар за култура Куманово.
Работно време од 10:00 до 14:00 и од 17:00 до 20:00 часот.