На 23.04.2026 г. / четврток / со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе се отвори самостојна изложба на слики со наслов “Магични кругови“. Се работи за 22 слики (акрил и масло на платно) од неговата најнова продукција работена во последните неколку години и истата претставува продолжување на неговиот повеќегодишен претходно развиен концепт.
Јовица Ивановски е роден 1962 година во Куманово и е самостоен
ликовен уметник кoј реализирал неколку самостојни ( Куманово и Кратово ) и
групни изложби од локален и меѓународен карактер. Учествувал на повеќе
Меѓународни Ликовни Колонии меѓу кои:
Лесново Пробиштип 2003 год.
Македонска Икона Куманово 2008 год.
Карпино Куманово 2012 год.
Македонска Икона Свети Николе- Немањци 2005 год.
Фукушима – Интернационална изложба 2018 год. Скопје, Куманово, Кавадарци,
Струмица, Битола, Охрид.
Живее и работи во Куманово.
Изложбата ѓе биде поставена до 05.05.2026.

