
2.6.2026 / 18:00 часот

Голема сала – Центар за култура Куманово

Интерактивна музичко – драмска претстава која има за цел да ја запознае/едуцира најмладата публика, примарно со поимите во однос на оперската уметност (композитор, режисер, солисти, хор …)

Сценариото изобилува со многу комични моменти, кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава. Музичкиот дел е исполнет со адаптирани популарни арии од оперите: Кармен, Палјачи, Аида, Травијата, Рита и многу други арии и инструментални композиции кои се со адаптиран текст во својство на сценариото. Наменета за деца од 6 до 11 години.

Настапуваат солисти од Национална опера и балет.
Режија Десанка Глигоријевиќ

Карти во продажба од 21.04 (вторник) на билетара на Центар за култура. Цена 200 денари.

Продажба на билети на билетара во Центар за култура Куманово. Работно време од 10:00 до 14:00 и од 17:00 до 20:00 часот. Број за информации и резервации: +389 31 415 099.
