Претстава „Разбуди се Тина“

„Разбуди се Тина“
22.04. во 20:00ч
Голема сцена на НУЦК
Режија: Драгана Таневска
Текст: според Милан Гргиќ
Драматургија и адаптација: Симона Тоскиќ, Драгана Таневска
Сценографија: Крсто Богојевски
Костимографија: Драгана Таневска, Дарко Илиевски
Играат:
Жарко Јовановиќ
Мишо Димитријевски (АЛТ.)
Марко Трајковиќ
Никица Јанковски
Александра Михајловска Величковски
Владанка Крстевски
Сања Русеска
Владо Дојчиноски
Анастасија Трајковиќ
„Разбуди се Тина“ е комедија со силни елементи на социјална критика. Во центарот на дејството се меѓучовечките односи во урбана средина, каде ликовите се соочуваат со секојдневни проблеми, недоразбирања и емоционални конфликти. Ликовите се типични за граѓанската средина – често комични, но во исто време реалистични и препознатливи со сите нивни слабости како лицемерие, себичност и површност, но и човечка топлина и желба за промена.
Навидум „лесна комедија“ која преку хумор успева да пренесе сериозна порака за „вистинското будење“ преку критика за современиот начин на живот.
️ Продажба на билети на билетара во Центар за култура Куманово.
Работно време од 10:00 до 14:00 и од 17:00 до 20:00 часот. Број за информации и резервации:
+389 31 415 099.