Најава за промоција на книга на Ана Мансиевска.

Промоција на стихозбирката „Долгодавеник“ од Ана Манасиевска во издаваштво на Издавачката куќа Ѓурѓа.
Петок, 14.3.2025, со почеток од 19:30 часот, во фоајето на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово.
Стихозбирката ќе биде промовирана од страна на Ана Љубиќ, а водител на настанот ќе биде Ален Милковски.
Ќе уживате во стиховите интерпретирани од страна на: Ива Додевска, Јована Лазаревска, Теодора Николовска и Стефанија Мартиновска.
А вечерта ќе ја заокружиме со прекрасниот вокал на Софиа Јелена Ковачевска.
Ана Манасиевска (19 октомври 2003, Куманово) е студентка на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има учествувано на повеќе настани поврзани со книжевноста, како: „Добри гости“, „Книжевни разговори“, „Вечер на поезија“, „Ние и Конески“ и други. Пишува поезија и проза, а нејзините дела се објавувани на страницата на Книжевниот клуб – Куманово.