Годишна програма 2026 година

Во текот на оваа недела излегоа резултатите од Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес за 2026 година од страна на Министерството за култура и туризам, кој што за нашиот Центар одобрени се вкупно 21 проекти со сума 5,515,000 денари.
*Од областа на драмската дејност одобрени се вкупно 5 проекта со сума 4,200,000 денари за претставите:
– „Смрт на погребот“ режија Ненад Витанов – 800.000 денари
– „Чичко Кумплуг“ според пиесата  „Прирачник за самоуништување, режија Јани Бојаџи – 900.000 денари
– „Амбасадор“ режија Андреј Цветковски – 800.000 денари
– „Не се работи за славејчињата“ режија Ќендрим Ријани – 900.000 денари.
– МТФ Денови на комедија 2026 година – 800.000 денари
*Од областа на фолклорната дејност одобрени се 3 проекта со сума 230.000 денари:
– Едногодишна работа на ДМФА “Срма“ – 100.000 денари
– V Семинар за традиционална музика и игра „Од традиција до сцена“ – 70.000 денари
– Прослава по повод празникот Илинден – 60.000 денари
*Од областа на музичката и музичко-сценската дејснот одобрени се 4 проекта со сума 300.000 денари:
– „Сонус Ауреус“ – 75.000 денари
– Годишниот концерт на албанскиот оркестар при НУЦК „Трајко Прокпиев“ – 75.000 денари
– Концерт на класична музика од светски и албански композиции – 85.000 денари
– Концерт на Ана Гацева и Иван Наумовски – 65.000 денари
*Од областа на литературата и издавачката дејност одобрени се 2 проекта со сума 400.000 денари:
– Годишна литературна програма на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово, Активности за промоција и презентација на тековна книжевна литература – 100.000 денари
– Меѓународен фестивал на проза 2026 година – 300.000 денари
*Од областа на визуелните уметности, архитектура и дизајн одобрени се 7 проекти со сума од 385.000 денари:
– Изложба на слики „Магични кругови“ од Јовица Ивановски-Моче – 55.000 денари
– Изложба на слики „Кон светлината“ од Новица Трајковски – 70.000 денари
– Изложба на слики „Боите“ од Боро Арсовски – 70.000 денари
– Изложба на слики „Dusk till down“ – 35.000 денари
– Изложба на слики „Религија, митологија и слободна мисла“ од Трајче Чатмов – 70.000 денари
– Самоуки – 35.000 денари
– Кумановски графичари 2026 – 50.000 денари