ИЗЛОЖБА – 70 ГОДИНИ ФОТО КИНО КЛУБ “КОЗЈАК“ 31.05.2018 ИЗЛОЖБЕН САЛОН

Мајскиот салон на нашиот фото-кино клуб `Козјак` е прилика целосно да се истакнеме единствено со делата на нашите членови. Посебноста на овогодишниот мајски салон е што 70-годишнината од основањето ни е значајна прилика за потсетување на фотографиите создадени од почетокот на клубот до денес.
Горди сме што можеме да претставиме дела кои со изминување на време се со сè поистакната разновидност, содржајност и свежина. Драго ни е што можеме да прикажеме фотографии кои доживеани како миг и како приказна се моќни – со нив имаме овековечено минливи моменти и со нив имаме вткаено епохи во дел од секунда.
Во нашите творби може да сретнете ликови, со нив сте поканети да разгледате пространства.
Сакаме да може да Ве поттикнеме да постигнете добри нешта и Ви посакуваме да подзастанете и одморајќи да се замислите.
Чувствувајте се добредојдени во визуелнава прошетка низ минатото и сегашноста на фото-кино клуб `Козјак`.
 и повелете – бидете ни сопатници и пријатели во иднината која претстои.