КОНЦЕРТ – НОВ КУЛТУРЕН БРАН 2019 – „ТРИО МАЕСТОЗО“ 30.10.2019 МАЛА САЛА 19.00ч.

Концерт на Маестозо Трио во Куманово

На 30.10.2019 / среда, со почеток во 20 часот, во малата сала на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово концерт ќе одржи составот Маестозо Трио.

Маестозо трио е формирано во 2017 година како плод на соработка на колеги музичари, кои што веќе истата година ги реализираат и првите концерти. Маестозо трио досега ги оправда очекувањата со реализација на самостојни концерти во повеќе градови во државата: Тетово, Виница, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Прилеп, Крива Паланка и други. На концертот ќе се изведат композиции од: Корели, Манфредини, Гершвин, Барток, Боца, Маскањи како и преработки на три македонски староградски песни. Членови на Маестозо трио се: м-р Гоце Цоневски – труба, м-р Стојанче Косовски – труба и м-р Елена Сиљаноска – пијано.

Гоце Цоневски е вработен во Националниот ансамбл „Танец“, хонорарно соработувал со Националната Опера и Балет, Националната Филхармонија, градскиот оркестар на Скопје и Битола, оркестарот за филмска музика, камерни ансамбли и проектански оркестри, ансамбли за зачувување на македонскиот фоклор.

Стојанче Косовски е вработен во Националната Опера и Балет како прв трубач, хонорарно соработувал со Националната Филхармонија, оркестарот за филмска музика, младинскиот оркестар на Јапонија, градските оркестри на Скопје и Битола, проектански оркестри од Австрија и камерни ансамбли.

Елена Сиљаноска е вработена во Националната Опера и Балет како корепетитор, хонорарно соработува со Факултетот за Музичка уметност Штип. Како корепетитор има соработувано со многу вокални и инструментални солисти, организатор е на натпреварот Романсиада и член на повеќе камерни ансамбли.