КОНЦЕРТ – ТРИО АУРОРА
11.06.2018 ПОНЕДЕЛНИК МАЛА САЛА 20ч.
ТРИО АУРОРА
ЕВА БОГОЕВСКА, виолина
ЉУБИЦА ДЕЛЕВА, виолина
ОЛЕГ ЦИНГАРСКИ, виолончело
ПРОГРАМА
– В.А. Моцарт: “Мала ноќна музика“
– Алегро
– Романса (Анданте)
– Менует (Алегрето)
– Рондо (Алегро)
– Л. Бокерини: “Менует“
– Ј. Пахелбел: “Канон“
– “О соле мио“ – наполитанска песна
– А. Пјацола:“Танго“
– А. Пјацола: “Либертанго“
– Ј. Брамс: “Унгарски танц“ бр.5
– Д. Шуплевски: “Капричо“ бр.1
* * *
– Enrique Iglesias “Hero“ arr. E.Bogoevska
– ABBA “Mamma mia“
– ABBA “Money,Money,Money“
– BEN E. KING “Stand by me“
– M. Jackson “Compilation“
(Smooth criminal & Somebody’s watching me)
Триото “АУРОРА“ постои и успешно настпува веќе четири години. Основач на триото и прва виолина е нашата млада и реномирана виолинистка Ева Богоевска која има освоено многубројни први интернационални награди како и Гранд При на Интернационален Фестивал за класична уметност и култура во Ерусалим, Израел. Втора виолина во триото е нашата талентирана виолинистка Љубица Делева, а на виолончело свири нашиот млад и талентиран челист Олег Цингарски.
Триото има настапувано на многу манифестации,концерти организирани од амбасади, јубилеи, бројни хуманитарни концерти и телевизиски емисии од областа на културата.
ЕВА БОГОЕВСКА е родена на 27.10.1999 во Скопје, Македонија. Уште на самите почетоци на нејзината музичка кариера таа победува на Меѓународниот фестивал за класична музика “Охридски Бисери“ и добива покана за два концрта во Братислава, Словачка.
На 16 годишна возраст се запишува на Факултетот за музичка уметност во Скопје како најмлад студент во државата. Студент е во класата на проф. Олег Кондратенко. Од 2017 Ева Богоевска е член на FAMES film orchestra каде снима филмска музика и учествува во многубројни проекти меѓу кои и во проектот кој минатата година се реализираше во Дубаи.
Ева како претставник на Македонија и донесе повеќе први меѓународни награди и признанија меѓу кои позначајни се: Прва награда, на фестивалот Сан Ремо-Јуниор во Италија 2012, потоа, Лауреатот од прв степен на реномираниот Меѓународен Фестивал за класична музика во Санкт Петербург-Русија 2014, каде имаше 150 учеесници од цел свет. Во Септември 2016, Ева како претставник на нашата земја на Меѓународниот фестивал за класична уметност и култура кој се одржа во Ерусалим, ја освои највисоката награда, Гранд При на Фестивалот со што и донесе уште една победа на нашата земја. Во Април 2017, Ева Богоевска освои прва награда на најголемиот Интернационален натпревар за класична музика “Рондо“ кој се одржува во Њујорк и како првонаградена во својата категорија (во која се натпреваруваа 200 кандидати од сите континенти во светот) реализираше концертен настап во познатата сала Карнеги Хол во Њујорк. Ева има повеќе пати настапувано како солист со Македонската Филхармонија како и со Националниот Оркестар на Операта и балетот во Хо Ши Мин-Виетнам. Како солист има остварено солистички настапи во Словачка, Малезија, Виетнам, Италија, Русија, Австрија, Чешка, Унгарија, Америка, Израел и кај нас.
Во Септември минатата година Ева Богоевска одржа солистички концерт во Театарот Марчело во Рим, Италија, а оваа година ќе одржи солистички концерт во Париз, Франција.
ЉУБИЦА ДЕЛЕВА родена на 16.09.1995, редовен студент на четврта година при факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. мр. Олег Кондратенко. Добитник на бројни награди нмеѓународни и државни натпревари меѓу кои и Лауреат на меѓународниот натпревар во Аранѓеловац и два Лауреати на Државниот натпревар во Скопје. Бројни настапи на концерти како солист со Македонска Филхармонија, Скопско лето, Охридско лето, а и други фестивали и концерти организирани од факултетот за музичка уметност, како и средното музичко училиште ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј“.
Во 2016 успешно положува аудиција во оркестарот за снимање филмска музика F.A.M.E.S. Orcestral recording, и е редовенчлен во многубројни проекти. Истата година положува аудиција за хонорарец во Македонска Опера и Балет и е редовен член. Во 2017 успешно положува аудиција за хонорарец во Македонската Филхармонија и учествува на многубројни концерти со светски познати солисти и под диригентска палка на светски познати диригенти.
ОЛЕГ ЦИНГАРСКИ е роден во 2001 во Скопје. Во својата деветта година започнува со музичко образование и концертно настапување во ДМБУЦ “Илија Николовски- Луј”. Изучува виолончело во класата на проф. Драган Гоневски. Има освоено први, втори и трети награди на државни и меѓународни натпревари во Македонија, Србија, Бугарија и Република Чешка, а има посетувано и голем број мастеркласи и семинари во Црна Гора, Албанија и Чешка.