КОНЦЕРТ – ТРИ ТЕНОРИ 12.06.2018 ВТОРНИК МАЛА САЛА 20ч.

КОНЦЕРТ – ТРИ ТЕНОРИ
12.06.2018 ВТОРНИК МАЛА САЛА 20ч.

 

НИКОЛА СТОЈЧЕСКИ, ВЛАТКО ГРУЕВСКИ, ЈАНЕ ДУНИМАГЛОСКИ
АНДРЕЈ НАУНОВ, пијано

ПРОГРАМА

1. Luigi Denza- “Funiculì, Funiculà”
2. G.Puccini-“Madamma Baterfly”
– “Addio fiorito asil”
3. G.Puccini- “Tosca”
– “Recondita armonia”
4. G.Puccini- “Tosca”
– “E lucevan le stelle”
5. Cesare Andrea Bixio
“Mamma son tanto felice”
6. Salvatore Cardillo – “Core ‘ngrato”
7. Nino Rota – “Parla piu piano”
8. Ernesto De Curtis – “Tu ca nun chiagne”
9. Ernesto De Curtis
– “Non ti scordar di me”
10. Teodoro Cottrau – “Santa Lucia”
11. Eduardo di Capua – ” O sole mio”
12. G.Verdi – “La donna e mobile”
13. G.Puccini – “Nessun dorma”

 

 

НИКОЛА СТОЈЧЕСКИ (тенор) е роден во Кавадарци 1986. Средно обраование завршил во Средното музичко училиште во Битола, а дипломирал на Музичката академија во Скопје во класата на проф. Билјана Јакимовска. Моментално е вработен во Македонска опера и балет. Настапувал на рецитали и ралични настани низ државата и надвор од неа и соработувал со многу врвни диригенти и режисери како од Македонија исто така и од странство. Неизбежно морат да се нагласат соработките кој ги има со Маестро Роберто Ризи Бригноли и Маестро Ив Парментиер во Лил, Франција, како и, во повеке проекти ширум Европа.

Има бројни настапи во опери како “Трубадур“ во Лил Република Франција 2016, Операта “Травијата“ МОБ 2014, операта “Адријана Лекуврер“ 2015 во МОБ, операта “Мадам Батерфлај“ во соработка со маестро Антонио Фоглиани во продукција на Франција и во Луксембург 2015. Операта “Тоска“ 2015, операта “Приказните на Хофман” 2016, продукција на МОБ, Операта Боеми во театарот на градот Гент, 2016, Операта “Набуко“ 2016 на МОБ, Целовецерен Рецитал Фоаје на МОБ Скопје, Македонија 2017, Целовечерен Рецитал во Пескара, Италија 2017…

ВЛАТКО ГРУЕВСКИ (тенор) е роден во Прилеп. Средно образование завршува во Државното музичко училиште во Битола на одделот соло пеење во класата на проф. м-р. Маја Митровска. Во текот на своето образование во Битола се здобива со повеќе епитети и награди од државно и меѓународно ниво. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на Примадоната на МОБ проф. м-р. Славица Петровска – Галиќ. Моментално е на постдипломски студии во истата класа и е хонорарно вработен во МОБ.Членува и во црковниот хор при храмот “Пресвета Богородица“ во Скопје, предводен под диригентската палка на Андреј Наунов. Настапувал низ повеќе градови низ Македонија како што се: Скопје, Битола, Охрид, Крушево, Радовиш, Куманово и тн. Настапувал на бројни концерт во МОБ, мјузикли, претстави, фестивали и соработувал со познати диригенти и професори, хорови и музички училишта. Освоил и неколку значајни признанија за својата работа.

ЈАНЕ ДУНИМАГЛОСКИ (тенор) роден 1986. Вработен во МОБ Скопје како соло пејач, дипломиран соло пејач и апсолвент по труба на ФМУ при универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Како оперски пејач има испеано повеќе солистички улоги меѓу кои: Ferando (опера “Cosi fan tutte” – W.A.Mozart), Abbé de Chazeuil (опера “Adriana Lecouvreur” – Francesco Cilea), Majordomo (опера “Adriana Lecouvreur” – Francesco Cilea), Tamino (опера “Die Zauberflöte” – W.A.Mozart), Mengone (операта “Lo speziale” – Joseph Haydn) Beppe (операта “Rita” – Gaetano Donizetti) Normanno (операта “Lucia di Lamermoor” – Gaetano Donizetti)

Покрај во операта, има настапи во многу ансамбли, хорови, оркестри, каде што некои од тие настапи биле и на реномирани натпревари, кај нас и во странство (Србија, Хрватска, Бугарија, Грција, Словенија, Италија, Германија, Чешка, Полска, Франција, Шпанија, Тајланд…).

АНДРЕЈ НАУНОВ  е роден во Кочани. Дипломира на ФМУ – Скопје на одделот пијано во класата на Симон Трпчески, како негов прв студент во чија класа е и на постдипломски студии. Студира диригирање на ФМУ во класата на Саша Николовски- Ѓумар. Добитник е на државни награди по камерна музика и пијано во Македонија и странство, а има и остварено бројни солистички рецитали, настапи со Македонската филхармонија и оркестарот на Македонската Опера и Балет. Еден од позначајните настапи се турнеите со пијанистот и негов професор Симон Трпчески на територијата на Македонија.

Дава свој придонес и во хуманитарните манифестации како концертни изведби, претстави и сл Како корепетитор тој има извонредни можности да ги истакнува своите изведувачки вештини на пијаното низ завиден број настапи во државата со различни ансамбли и солисти во Македонија и странство (Швајцарија, Австрија, Србија, Германија, Унгарија, Романија, Словенија, Грција, САД). Како свои соработници во концертната – корепетиторска дејност има соработка со првенците на МОБ, како и со најистакнатите инструменталисти во државата. Во својот репертоар има околу 40 опери, како и кантати и ораториуми. Вработен е како корепетитор во Македонската Опера и Балет и како музички соработник на Факултетот за музичка уметност во Скопје.