Делото,збирка поезија насловена како Пирот на Вештерките од Даница
Петровска е впечатливо согледување на она нешто кое е во нас
самите,праисконско,понекогаш со напливи на стравопочит кон она што
„излегува“ од длабината на психичкоит порив кај човекот,и она
надворешното,рационално,навидум сеопфатно и разумно објасниво.
Судирот на емотивноста на поривите како внатре така и однадвор од чувствата
кај секој,авторката Даница ги доловува во мрачните,задскриени ексцентрични
мисли,отсликани во една друга димензија проследени со онаа другата можеби
светла страна од емотивноста како цел и надеж за објаснување на
необјаснивото.
Како што и самата Даница во својот вовед објаснува,идејната основа `и се
историските настани кои се случувале во периодот на мрачниот век на
инквизиторството,прогонувањата и осудувањата на оние кои се занимавале
или имале поинакви склоности,идеи и согледувања од секојдневието.
Каузалноста на рационалното, и надискуственото се огледа во тесната
взаемна поврзаност на религионата поставеност и митската божествена
метафизичка ирационалност кон предметите,појавите и природата.
Немоќта да се контролира надворешниот објективен свет за да се остварат
управувачките замисли кај оној кој ги има ингеренциите за институционално и
автократско право ,првично предизвикува незадоволство, за да прерасне во
револт против фрустрирачкото собитие, кое добива изглед од
персонифицирано во надредено метафизичко битие.
Како одраз на ваквите дејствија,се доаѓа до обликување имагинарни поими и
претстави за невидливи ентитети,претставени како неприродни ,нечисти
сили,или во персонификација на отелотворувања на сликите кои призлегуваат
од христијанството ,како сатаната и демоните, односно ѓаволите,и од
фолклорот како вампирите и самовилите.
Во песните на авторката Даница се забележува и нитката на взаемната
поврзаност на готиката ,мистиката ,прироидното и метафизичкото-
натприродното.
Сеуште под импресии на готиката провејува и ликот на готската жена која
оставена и препуштена на самата себе,се справува со темнината на она
внатрепарачкото,духовното и материјалното,овоземското,онака како таа ги
поврзува со мненијата и дејствијата на другите.
Впрочем, песната „Аутопсија на песните“ е силен одраз на впечатливоста од
емотивната поврзаност кон темната,црна,готска поезија и нејзиното негување
во светлото на префинетите чувства и емоции кои создаваат амбивалентност
кон оној кој ќе ги конзумира….помалку или повеќе.
Страдањата на готската жена преточени во духовна жед и глад во борбата на
интеракцијата на помешаноста на чувствата и емоции врежани во
црнилата,болките,чемерот и јадот кој со секој наплив од стиховите излегува на
површина и виделина во нова мисла,нова идеја,нова светлост,нов свет.
Вториот дел од збирката поезија на Даница,е краен сублимат и судир на
религијата со вреднувањето на колективната свест во едно време на
инквизиторство,време кога и највештиот меѓу вештите кои умееле да се
справуваат со (во тоа такво време) разните болести,лекувања на
рани,справувања на разни напитоци,тинктури и мелеми,би бил
прогонет,осуден,распнат и погубен.
Тоа впрочем и го отсликуваат песните „Вештерски лов“, „Бесилка“,
„Инквизиција“…….
Поетскиот свет на Петровска воглавно е исполнет со сосредоточувања кон
појавите и предметите во природата испреплетени со имагинативноста,
надприродноста со метафизички и надискуствени емоции,чувства и искуства.
Олицетворението на злото и деструктивноста, сосредоточени во ноќта,
темнината и тишината сега пак овде се огледа во ликовите и делата на
колективизмот и стравопочитта кон оние кои на некаков начин ја имаат моќта
преку религијата и институционалното управување,и кои располагаат со
владеењето на народните непросветени и неуки маси.
Поетските записи на Петровска на еден сликовит начин претставуваат колажи
од метафорични и метонимични секвенци.
Поетесата Даница Петровска,преку амбивалентната и каузална структура во
песните,директно влијае на подтикот и активниот однос кон читателот ,и,
поаѓајќи од потикнувачките чувства и емоции пресликани во наративноста на
настаните во песните, читателот да креира индивидуална,своја сопствена
размисла и претстава, во зависност од неговата имагинативна можност и
умешност.
………нејзиниот секогаш верен читател,слушател и критичар……
Петровски Љубиша