ПРОМОЦИЈА НА КНИГА – “ХИЕНИ ВО ГРАДОТ“ ОД МИЛКО БОЈКОВСКИ – 29.11.2019 (ПЕТОК) МАЛА САЛА 19.00ч.

                              „Хиени во градот“ од Милко Бојковски

         Поетскиот ракопис на Милко Бојковски „Хиени во градот“ претставува компјутерски изработен текст. Се работи за нова поетска збирка, на млад и талентиран македонски поет кој веќе објавувал раскази во Маргина, песни БКГ и на српскиот сајт за поезија Поезин.

      Во своите стихови младиот Бојковски е предизвикувачки отворен,  по малку парадоксален, но младешки оргинален. Тој развива луциден и ироничен однос кон животот и кон литературата. Структурата на неговите песни покажува возбудлив поетски модел кој не е само референцијален, туку и постпоетичен. Ракописот на Милко Бојковски е полн со иронија. Тој им нуди слобода на зборовите и на формата градејќи го препознатливиот посмодернистички концепт на светот, по урнек, можеби, на веќе докажаните поети од помладата македонска генерација. Бојковски негува синкретичен јазик, користи урбана лексика и младешки жаргон.

Акцентот го ставил врз својата најинтимна и најрефлексивна сфера.

     Ангелина Бановиќ-Марковска