Обнова на матичната група за традиционално пеење и традиционални инструменти

Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ја обновува матичната група за традиционално пеење и традиционални инструменти, со цел зачувување, негување и афирмирање на богатото македонско музичко и фолклорно наследство.

Групата е наменета за сите љубители на традиционалната музика – без разлика дали имаат претходно искуство или сакаат да ги направат своите први чекори во светот на изворното пеење и традиционалните инструменти. Преку работилници, проби и јавни настапи, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со автентичниот стил на народното пеење, како и со звукот и техниката на традиционалните инструменти.

Под водство на ДМФА „Срма“, со оваа иницијатива, НУЦК „Трајко Прокопиев“ продолжува да ја поддржува традицијата и да создава простор каде младите и сите заинтересирани ќе можат да ја учат, практикуваат и пренесуваат македонската музичка култура.

Пријавувањето е отворено за сите заинтересирани.
За повеќе информации: 078 434 833 – Марјан и 070 737 065 – Слаѓан

Дојдете заедно да ја чуваме и пренесуваме традицијата!