На 02.04.2026 /четврток/ со почеток во 19,30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на портрети “Анатомија на прогресот“ од Миливој Симеонов. Изложбата содржи дваесетина слики работени во техниките масло на платно и акрил.
Миливој Симеонов е роден 1973 во Виница. Основно и средно образование завршува во Виница. Во 1997 се запишува на ФЛУ на отсек сликарство со конзервација и реставрација, во класата на професорот Душан Перчинков, дипломирa 2002 година .Член е на ДЛУМ и на здружението на уметници ,,УМ’’од Виница. До сега има реализирано девет самостојни и има учествувано на триесетина групни изложби и колонии.
Живее и работи во Bиница како ликовен педагог во СОУ ’’Ванчо Прке”.
Изложби: Виница-1992-прва самостојна изложба како аматер;
Скопје-1998-годишна изложба на студентите од ФЛУ; Виница-1998-учество на ликовна колонија Осојница; Скопје-1999-годишна изложба на студентите од ФЛУ; Виница-1999-учество на ликовна колонија Осојница;
Скопје-2000- годишна изложба на студентите од ФЛУ;
Скопје-2001- годишна изложба на студентите од ФЛУ;
Кочани-2002-учество на ликовна изложба со членовите на ДЛУК;
Виница-2003-втора самостојна изложба;
Виница-2005- годишна изложба на здружение на уметници” УМ”;
Виница-2008-трета самостојна изложба;
Куманово-2008-учество на ликовна колониjа”Македонска икона” ;
Куманово-2009-учество на ликовна колонија”Македонска икона”;
Виница-2010- годишна изложба на здружение на уметници”УМ”;
Виница-2010-учество на ликовна колонија “Св.Андреј”;
Виница-2010- годишна изложба на здружение на уметници “УМ”;
Виница-2011-годишна изложба на здружението на уметници “УМ”;
Виница-2012-годишна изложба ,,Фолклор,, на здружението на уметници “УМ”;
Битола-2012- ликовна изложба ,,Фолклор,, на здружението на уметници “УМ”;
Волен,Швајцарија 2012-ликовна изложба на здружението на уметници “УМ”;
Виница-2013-годишна изложба на здружението на уметници “УМ”;
Кавадарци-2013-ликовна изложба на здружението на уметници “УМ”;
Виница-2014-годишна изложба на здружението на уметници “УМ”;
Виница-2015-,,Соновни патеки,, изложба на здружението на уметници “УМ”;
Виница-2018-,,Враќање”-четврта самостојна изложба;
Кочани-2018 -,,Враќање”- петта самостојна изложба;
Скопје-2019-учество на годишна изложба на ДЛУМ;
Виница-2020- годишна изложба на здружението на уметници “УМ”;
Виница-2020-ОД ДИСТАНЦА шеста самостојна изложба;
Виница-2025-АНАТОМИЈА НА ПРОГРЕСОТ- седма самостојна изложба;
Штип НУЦК-2025- АНАТОМИЈА НА ПРОГРЕСОТ- осма самостојна изложба;
Скопје -2026- АНАТОМИЈА НА ПРОГРЕСОТ -девета самостојна изложба;
Изложбата ќе биде поставена до 09.04.2026.


