7 мај (среда) од 20:00 часот.
Ве очекуваме.
Традиционалната изложба на афоризам и карикатури.
„Карневал – еротика“, стандардната тематска рамка на Меѓународниот фестивал на афоризам и карикатура во Струмица.
Карневалот – тоа уривање на секојдневните хиерархии и поделби врз основа на професија, социјален статус, пол.
Таа прослава, која е дел од народната култура; прослава во која карневалската смеа долго одекнува низ ноќта по струмичките улици по кои заедно врват некоја паганска маска и налудничавиот Дон Кихот и Санчо Панса, качен на магаре. Еротиката – тоа животворно чувствување на животот и светот околу себе. Еротиката – неизоставен дел од карневалското чувствување на светот.