ИЗЛОЖБА – 25 ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КИЧЕВСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА 26.09.2019 (ЧЕТВРТОК) ИЗЛОЖБЕН САЛОН 20ч.

25-та Интернационална Кичевска ликовна колонија во Куманово

 

На 26.09.2019 г. /четврток/,  со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на слики од 25-та Интернационална Кичевска ликовна колонија. На оваа реномирана колонија којашто се организира во “Куќата на уметноста“ на локалитетот Кнежино (Кичево), на 25-тото издание (2018 г.) учество зедоа дваесетина уметници од земјата и странство. Делата во најголем број се слики работени во техниката масло и акрил на платно но има и графики и скулптури. Колонијата е под покровителство на АД “Тајмиште“ – Кичево и во својата колекција има преку 900 дела. Претставувањето на 25-та Интернационална Кичевска ликовна колонија во Куманово е дел од Годишната програма подржана од страна на Министерството за култура на РС Македонија и истата ќе биде поставена за целиот период на времетраењето на Меѓународниот фестивал “Денови на комедијата 2019“ ( до 15.10.2019).